Како да му помогнете на вашето дете да ја надмине срамежливоста?

Срамежливоста кај децата е нормална појава но доколку е претерана, може да му причинува проблем на детето. Претераната срамежливост може да го отежни создавањето нови пријателства, но и да ја намали самодовербата на детето.

kako-da-mu-pomognete-na-vashet-dete-da-ja-nadmine-sramezhlivosta-01.jpg

Познато е дека сите деца минуваат низ срамежлива фаза, која обично e најизразена помеѓу втората и третата година. Ова е период кога децата чувствуваат страв од непознати личности и нови ситуации.

Важно е да знаете дека некои деца едноставно потешко се опуштаат во нови ситуации. Бидејќи детето го наследува темпераментот од двајцата родители, можно е и срамежливоста да биде наследна.

Срамежливите деца всушност се многу повнимателни и потребно им е време за да се почувствуваат удобно во нова ситуација. Најчесто срамежливите деца бараат засолниште кај некој возрасен, избегнуваат контакт со очите, молчат или одговараат со многу тивок глас.

Кога срамежливоста станува проблем?

Најпрво немојте никако да му викате на вашето дете поради неговата срамежливост. Критиките нема да го охрабрат, туку само ќе ја влошат ситуацијата.

Срамежливоста почнува да претставува проблем дури кога детето ќе почне да избегнува и ситуации кои го интересираат.

Иако претераната срамежливост може да биде проблем, тоа не значи дека детето не може да ја надмине. Во овој случај, најважна е вашата поддршка. Секогаш кажувајте му на детето каде ќе одите и со кого ќе се сретнете, така што тоа ќе има време да се подготви за настанот.

kako-da-mu-pomognete-na-vashet-dete-da-ja-nadmine-sramezhlivosta-02.jpg

Поддршка од околината

Бидејќи е почеток на учебната година, доколку вашето дете има проблем со срамежливост, добро би било да отидете со него до училиштето неколку пати. Прашајте го што е она што најмногу го плаши и раскажете му за активностите што го очекуваат. Исто ќе ви помогнат и следниве совети:

Покажете разбирање

Важно е да му покажете на вашето дете дека не е само во таа ситуација. Па, слободно изговорете го она што мислите дека се случува. Доколку мислите дека детето се срами од одредена личност, прашајте го дали станува збор за тоа.

На овој начин ќе му покажете дека го разбирате и ќе сфати дека не е само.

kako-da-mu-pomognete-na-vashet-dete-da-ja-nadmine-sramezhlivosta-03.jpg

Нормализирајте ја ситуацијата

Доколку му покажете на детето дека срамежливоста не е ништо необично, многу полесно ќе ја надмине. Кажете му дека е нормално да му биде потребно време и поддржете го во тоа што прво сака да разгледа пред да направи нешто.

Охрабрете го детето

Во овој случај ќе ви помогне разговорот за нешто што детето го сака. До непријатните ситуации, обидете се да го потсетите детето на неговата вредност и неговите квалитети. На овој начин ќе му ја вратите самодовербата и полесно ќе се справи со новата ситуација.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Дали моето дете е подготвено за 1-во одделение?“ – одговор на прашањето што ги мачи сите родители Во период на уписи за прво одделение, многу родители се прашуваат дали детето е ...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...

Најчитани неделава