Кога татко ти под казна ти го води Инстаграм профилот, си собира повеќе лајкови

Една вечер, 15-годишната Маделин им помогнала на неколку момчиња да се прикрадат и да преспијат на малата забава што ја организирале со нејзините пријателки.

tatko-gi-prezel-onlajn-profilite-na-kaznetata-15-godishna-kjerka-i-stanal-popopularen-od-nea-01.jpg

Кога нејзините родители дознале за ова, ѝ дале да избира помеѓу две казни – или да помине еден месец без телефон, или да помине две недели без телефонот, но родителите да имаат целосна контрола над нејзините профили на социјалните мрежи.

Маделин веднаш ја избрала втората опција.

Но, не требало долго за младата тинејџерка да зажали за нејзината одлука. Веднаш штом татко ѝ ги презел социјалните мрежи, тој станал навистина креативен со објавите на Instagram и TikTok.

На пример, татко ѝ Лери објавил видео на кое танцува со кроп-топ. Објавувал и негови селфиња со смешни описи, а соучениците на Маделин почнале редовно да ги проверуваат објавите.

„После првиот ден Маделин се премисли и сакаше да ја смени казната. Лери ѝ рече дека има премногу идеи и ќе продолжат со истата казна. Дури мислам дека ќе си направи негов TikTok профил кога ќе заврши сето ова“, изјави Форд, мајката на Маделин.

Форд на шега додава и дека секогаш се подготвени да ги посрамотат децата.

Откако завршила казната, Маделин објавила нејзина фотографија од детството со опис:

„Се вратив подобра од кога било и подготвена сум да донесувам добри одлуки.“

Веднаш добила и коментар на објавата:

„Можеби сум луд, но татко ти објавуваше поинтересни работи.“

Извор

Би можело да ве интересира:

Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
Татко на 4 деца од САД со искрена објава: „Бракот станува тежок - двајцата сте исцрпени и се обвинув... „Лесно е да почнете да го гледате вашиот партнер како: Оној што не сфаќа. Оној ш...
12 фотки што ќе ви го стопат срцето - првата средба на семејството со новото бебе „Имам 44 години и не мислев дека ќе станам татко, но тоа се смени денеска. Запоз...
Пар од Македонија, кој живее во Виена, доби шесто дете: „Најмалата ќерка се роди пред 3 дена, благос... „Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година ...
Татко од Велес со моќна објава: „Сине, цел ми е да те научам на сè што знам - за да не ти требам по... „На син ми му велам: Знаеш ли која е мојата главна цел во животот со тебе? - Кој...
„Привилегиите на татковците“ за кои луѓето не се свесни, според мајки „Без разлика што ќе направи тој, му велат дека е одличен, прекрасен татко. Кога ...

Најчитани неделава