Во кој спорт да го насочите вашето дете?

Кога размислувате за физичките способности на детето, треба да ја имате во предвид возраста и стадиумот на развојот, природните способности и интересот за спортот.

Vo koj sport da go nasocite vaseto dete 01

Преку физичка активност децата учат за важноста на вежбањето, но и за тимска работа, спортско однесување, поставување на цели и прифаќање на предизвици.

Дозволете му на вашето дете да избере активност што го интересира, што му се допаѓа или го забавува.

До седма година

Децата од предучилишна возраст треба да се движат што почесто, бидејќи тоа е важно за нивниот раст и напредок. Мускулно-скелетните и невромускулните системи се развиваат на оваа возраст.

Треба да се задоволат природните потреби на детето за движење, што значи дека треба да ги охрабрите да се вклучат во разни активности на отворено во согласност со возраста и вештината.

Кога станува збор за организиран спорт, децата од таа возраст сè уште немаат развиена концентрација и не треба да започнуваат со спортови кои вклучуваат комплицирани правила.

Индивидуалните активности, како што се пливање или трчање се најдобар избор.

Од 1 - 4 одделение

Децата сè повеќе вешти во скокање, фаќање и фрлање на топката, удирање на топката... На оваа возраст, тие се повеќе подготвени за организирана активност, а се препорачуваат не-контактни спортови во кои конкурентноста не е премногу изразена, како што се атлетика, гимнастика, одбојка, пливање или тенис .

На возраст меѓу 9 и 12 години, децата ги подобруваат вештините. Фудбалот, кошарката, ракометот или тенисот не се единствените спортови. Постојат многу забавни активности во кои децата можат да уживаат: велосипедизам, џудо, гимнастика, карате, мечување…

Vo koj sport da go nasocite vaseto dete 02

Од 5 - 8 одделение

Колку повеќе имаат одговорности во училиштата, толку е поважна физичката активност за децата. Во пубертет се препорачува еден час физичка активност на ден, но со оглед на зголемениот број на воннаставни активности, на оваа возраст децата најчесто се откажуваат од организираниот спорт.

Покрај тоа, честопати бегаат од часови по физичко образование, затоа што се срамат од промените во нивните тела што не можат да ги разберат.

Адолесцентите можат да се вклучат во каква било активност што ги забавува, од аеробик, лизгање, пилатес, танц, јога.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Дали моето дете е подготвено за 1-во одделение?“ – одговор на прашањето што ги мачи сите родители Во период на уписи за прво одделение, многу родители се прашуваат дали детето е ...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...

Најчитани неделава