Како да ги одржите пријателските односи откако ќе станете мајка?

Секоја мајка знае колку е тешко да се одржат врските со пријателките по раѓањето на детето.

kako-da-gi-odrzhite-prijatelskite-vrski-otkako-kje-stanete-roditel-01.jpg

Сепак, децата се огромна обврска и сигурно едвај имате време за себе, а не па за дружење.

Ако сметате дека поради мајчинството сте ги запоставиле пријателките, постојат решенија и за овој проблем.

Погледнете како да ги одржите пријателските врски, дури и ако сте единствената мајка во вашата група пријатели:

Не ги заборавајте достигнувањата на вашите пријателки

Основањето семејство е голем чекор. Ако сте мајка, дури тогаш ќе сфатите на што сè е способно вашето тело. Но, раѓањето дете не е единствената работа со која жените треба да се гордеат.

Токму поради тоа, осигурете се дека сте во тек со достигнувањата на вашите пријателки и заедно прославувајте ги нивните успеси.

Не плашете се да го оставите детето со некој друг, на пример баба му, за да го прославите роденденот на најдобрата пријателка. Истовремено, немојте да ја одбивате секоја покана за кафе, дури и ако имате само половина час слободно време.

Овие мали гестови ќе им покажат на пријателите дека се грижите за нив, а вие, пак, нема да се чувствувате изолирано.

kako-da-gi-odrzhite-prijatelskite-vrski-otkako-kje-stanete-roditel-02.jpg

Организирајте годишно патување само со пријателките

Нормално дека ако заминете настрана неколку денови ќе ви недостасува вашето малечко. Но оваа кратка разделба може да ви годи и вам, и на вашето дете.

Краткото патување со пријателите ќе ви помогне да се чувствувате многу подобро. Покрај тоа, ако од ова направите традиција, секогаш ќе имате нешто за коешто можете да се радувате.

Не заборавајте дека не одите во странство цел месец, туку само неколку денови. Вашето дете ќе биде во ред, а пријателките ќе ви бидат благодарни.

kako-da-gi-odrzhite-prijatelskite-vrski-otkako-kje-stanete-roditel-03.jpg

Најдете активности поволни и за вашите деца, и за вашите пријателки

Некои луѓе не сакаат деца. Некои, пак, сакаат, но не планираат да бидат родители.

Ако вашите пријателки сакаат деца, искористете го ова во ваша корист.

Најверојатно, и тие се возбудени за вашето малечко колку и вие, па слободно организирајте дружба погодна и за нив, и за вашето дете.

Можете да одите во парк, во зоолошка, на прошетка… опции има безброј.

kako-da-gi-odrzhite-prijatelskite-vrski-otkako-kje-stanete-roditel-04.jpg

Постојано поставувајте прашања

Едноставното прашање, како „Знаеш ли некој добар филм?“, дефинитивно ќе започне разговор со некоја ваша пријателка. На крај, можеби ќе одлучите и заедно да го изгледате филмот.

Не плашете се први да започнете разговор со пријателите. Прашајте ги како им поминал денот, што има ново, дали им е потребна помош…

Покажете им дека иако имате дете, имате време и за нив.

kako-da-gi-odrzhite-prijatelskite-vrski-otkako-kje-stanete-roditel-05.jpg

Обидете се да се дружите и со други мајки

Ако вие сте единствената од пријателките со дете, тогаш сигурно ви недостига дружба со друга мајка. А, голема е веројатноста да познавате барем една жена која станала мајка.

Сепак, потребен ви е разговор и за мајчинството, па добро би било да имате пријателка со која ќе споделувате совети и ќе си помагате.

Покрај тоа, на овој начин нема постојано да им зборувате на другите пријателки за вашето дете.

kako-da-gi-odrzhite-prijatelskite-vrski-otkako-kje-stanete-roditel-06.jpg

Бидете отворени и искрени за вашето искуство

Во ред е да им се пожалите на вашите пријателки, но многу жени се двоумат дали да се пожалат за мајчинството.

Колку и да го сакате вашето дете, факт е дека грижата за него може да биде тешка.

Не заборавајте дека овие жени се ваши пријателки. Знаат дека сте под стрес. Знаат дека сте изморени. Знаат дека и вам ви е потребна помош.

Не мора постојано да им кажувате колку е добро да се биде мајка. Слободно споделете што ве мачи. Тие сигурно ќе ве ислушаат, нема да ви судат и, најверојатно, ќе ви понудат и помош.

kako-da-gi-odrzhite-prijatelskite-vrski-otkako-kje-stanete-roditel-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
7 знаци дека сте добар родител, дури и кога ви е тешко да верувате во тоа Ја почитувате приватноста на вашето дете и тоа ги споделува неговите проблеми со...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg