Не секое темпераментно дете е хиперактивно дете или дете со АДХД - хиперактивност vs. темперамент

Во секојдневието постојано се среќаваме со родители кои своите деца ги наредуваат хиперактивни, само поради фактот што тие деца имаат поразигран темперамент. Но, што всушност е АДХД (Attention Deficit Hyperactivity Disorder, ADHD) - одговор ни дава логопедот Симона Василеска Николовска.

ne-sekoe-temperamentno-dete-e-hiperaktivno-dete-hiperaktivnost-vs-temperament-01.jpg

АДХД се дефинира како дефицит во вниманието и хиперактивност.

Симптомите на АДХД се различни и зависат од возраста на децата. Пречки се забележуваат во областа на моториката, вниманието, перцепцијата, социјалните односи, емоциите и когнитивните функции.

Иако најчесто симптомите се воочуваат во школската возраст, кога од детето се бара да седи мирно во купа и да внимава за време на наставата, тие се присутни уште пред третата година.

Основниот симптом кај овие дечиња со АДХД е потребата за постојано движење и активност. Децата се во постојана потрага по нови содржини на кои задржува многу краткотрајно внимание.

  • Децата со АДХД не можат да го насочат своето внимание
  • Лесно може вниманието да им биде одвлечено
  • Мислите се брзи и „летаат“
  • Немирни сѐ
  • Расеани 
  • Лесно забораваат
  • Прават непромислени грешки

Родителите кои се засегнати со овој проблем кај дечињата, се во постојана потрага по причинителите на ваквата состојба кај нивните деца.

ne-sekoe-temperamentno-dete-e-hiperaktivno-dete-hiperaktivnost-vs-temperament-04.jpg

Важно е да се знае дека дури во 70% од случаите на деца со АДХД причинителите се од генетска природа.

Потоа тука се, бременоста на мајката, интоскикациите за време на бременост, текот на пораѓајот, предвремено пораѓање, мала родилна тежина, хипоксија итн.

Познато е дека постојат три типа на АДХД, и тоа:

  • Доминантно невнимателен тип
  • Доминантно хиперактивно – импулсивен тип
  • Комбиниран тип.

Способноста за концентрација кај децата со АДХД е тесно поврзана со психичката и физичката состојба на детето.

ne-sekoe-temperamentno-dete-e-hiperaktivno-dete-hiperaktivnost-vs-temperament-02.jpg

Способноста за концентрација може да се подобри со примена на едноставни рутини:

  • Детето мора да има добар сон.
  • Овозможете му на детето фази за одмор во кои ќе може да собере нови сили.
  • Потребни му се периоди кога само ќе одмара или ќе си игра.
  • Точно определете го времето кое ќе го мине пед телевизор,а  компјутерски игри, сведете ги на минимум.
  • Внимавајте на добриот начин на исхрана и редовното движење.
  • Внимавајте на осветлувањето, дневната светлина е многу важна.

АДХД треба да се разликува од другите облици на неконтролирано однесување, од специфичини пречки во учењето и од интелектуалните потешкотии.

Доаѓаме до заклучок дека хиперактивноста односно разиграниот темперамент на детето  се разликува од АДХД и дека симптомите на АДХД се постојано присутни.

Не секое дете со разигран темперамент е Хиперактивно или дете со АДХД.

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. 

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...
„Мирно е, но некогаш осамено“: Луѓе кои одлучиле да немаат деца откриваат каков им е животот по 40-т... „Некои денови се чувствувам среќно, а некои по малку осамено. Но, главно чувству...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...

Најчитани неделава