„Што треба да знае да каже моето дете?“ - Фази на говор до 3 години, со логопедот Симона В. Николовска

Зошто некои деца прозборуваат подоцна, кои се фазите на јазични достигнувања кај децата и што треба да знаат да кажат до 3 години? Логопедот Симона В. Николовска со совети до загрижените родители.

shto-treba-da-znae-da-kazhe-moeto-dete-fazi-na-govor-do-3-godini-spored-logopedot-simona-v-nikolovska-01.jpg

Доста е широк спектарот на говорно јазични достигнувања кај малите деца до 2 годишни деца. Децата ги достигнуваат пресвртите во различно време, а на тоа влијаат повеќе фактори.

Често се случува да родителите на дете кое живее во билингвална средина се загрижени за развојот на говорот на своето дете, тие деца знаат да прозборат малку подоцна но, не значително подоцна од останатите деца, разни развојни фактори исто така влијаат врз развојот на говорот.  Се зема во предвид и возраста на детето, така се смета дека момчињата за нијанса подоцна прозборуваат од девојчињата.

Говорни пресвртници

Околу 12-сетиот месец, бебешкото гугање почнува да се менува. Како што децата се обидуваат повеќе да ги имитираат звуците околу нив, звуците што ги испуштаат почнуваат да добиваат облик на вистински зборови. Ова е периодот кога се очекуваат првите зборови со значење.

Во следните месеци, тие почнуваат да ги комбинираат зборовите заедно во мали реченици., на пр.: (мама, ајде. Тато дај)

По вториот роденден, обично има експлозија во вокабуларот и употреба на посложени реченици.

zoshto-moeto-dete-ushte-ne-zboruva-jasno-fazi-na-govor-do-3-godini-spored-logopedot-simona-v-nikolovska-03-2.jpgфото: Инстаграм/Симона В. Николовска

12 до 18 месеци

На оваа возраст, малите деца имаат широк спектар на говорни звуци. Веројатно ќе можете да препознаете барем еден или два вообичаени зборови, како што се „баба“ или „мама“. Именките, обично се првите зборови што тие ги совладуваат.

Освен неколкуте клучни зборови, говорот на детето во 12-тиот месец главно ќе биде ограничен со звуците на гугање.

Во следните шест месеци, сепак, треба да започнете да гледате како вашето дете почнува да развива понапредна комуникација, како што се:

  • Обиди за имитирање на  вашите зборови
  • Имитација на разговор
  • Спонтано и наменско користење зборови
  • Користење на комбинација на гестови и вокализирани звуци за комуникација

Секако дека  е важно да обрнете внимание на зборовите или звуците што ги прави вашето дете, но исто така, размислете дали вашето дете може да следи или не едноставни упатства што вклучуваат еден чекор (на пример, „донеси ми ја топката“).

shto-treba-da-znae-da-kazhe-moeto-dete-fazi-na-govor-do-3-godini-spored-logopedot-simona-v-nikolovska-5.jpgфото: pexels.com

18 до 24 месеци

Детето продолжува да развива широк спектар на вербални вештини. Во овој период многу е значајна околината на детето, бидејќи личностите од најблиското опкружување играат голема улога во стимулација на детето, со зборување и играње.

Во овој период детето додава се повеќе зборови во својот вокабулар:

  • Формира фрази од два збора - иако тие нема да бидат граматички точни („топа дај“, „мама вода“)
  • Користи зборови за да идентификува на слики во книга или опкружувањето
  • Именува  делови од телото и ги именува животните, ги имитира животинските звуци („ав, ав“ за куче)

Многу е важно да забележите дали вашето дете е во состојба да го разбере она што го зборувате. Дали тоа ви одговара кога поставувате прашања? Дали може да следаи едноставни команди во два чекора до околу две години?

zoshto-moeto-dete-ushte-ne-zboruva-jasno-fazi-na-govor-do-3-godini-spored-logopedot-simona-v-nikolovska-02.jpgфото: pexels.com

2 до 3 години

Помеѓу втората и третата година родителите забележуваат експлозија во говорот и вербалните вештини на децата. Често се вели дека вокабуларот на детето за ова време расте до 200 или повеќе зборови. Некои од пресвртниците што треба да се случат во овој период вклучуваат:

  • Артикулација на  повеќе зборови и редовно учење нови зборови
  • Комбинирање на три или повеќе зборови во реченици (што сè уште може да биде граматички нејасно)
  • Во овој период децата почнуваат да ги идентификуваат боите, формите и концептите.
  • Пеат песни со рими, раскажуваат кратки  приказни од книги што често сте ги читале заедно
  • Почнуваат да ги изразуваат чувстватата и потребите со зборови („гладен сум“, „ тажен сум“)

Фокусот на родителот не треба да биде на бројот на зборовите кои детето ги кажува, туку на фрекфенцијата на растот на вокабуларот кои детето ги учи и користи во секојдневниот говор.

zoshto-moeto-dete-ushte-ne-zboruva-jasno-fazi-na-govor-do-3-godini-spored-logopedot-simona-v-nikolovska-03.jpgфото: pexels.com

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
„Дознав дека девојка ми има 7 деца, а не едно како што ми кажа“: Мрачни тајни кои луѓе ги кријат од ... „Една година бевме во врска. Ме запозна со неговите пријатели, со сестра му. Но,...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...

Најчитани неделава