„Не“ за цуцла и шмукање палец после првата година

Многу често се случува дечињата кои имаат одложен развој на говорот, имаат и потешкотии со фините моторни вештини.

ne-za-cucla-i-smukanje-palec-posle-prvata-godina-01.jpg

Но, дали знаете дека при говорењето ги правиме најфините моторни движења со усните, јазикот, образите, непцата, забите?

За да изговориме еден збор неопходно е да ги придвижиме говорните органи за да артикулираме одреден глас. Се движи јазикот, со тоа што на пример за изговор на гласот “Т”, потребно е врвот на јазикот да ги допре горните предни заби, итн.

Логопедот помага во случаите каде треба да се подобри квалитетот на говорот. Неретко имаме задача да ја одредиме стабилноста на вилицата и нејзината поставеност при артикулација, дали јазикот е доволно и добро подвижен, потоа дали усните се затвораат и движат...

Кога се работи на оралната моторика паралелно со говорната терапија, се постигнуваат одлични резултати.

Што може Вие како родители да превземете за да ја подобрите оралната моторика?

Да го прекинете користењето на цуцла и шмукањето на палецот после првата година.

Да го прекинете користењето на шише со цуцла кога детето ќе наполни една година.

ne-za-cucla-i-smukanje-palec-posle-prvata-godina-02.jpg

Користењето на цуцлата не дозволува независно движење на вилицата, јазикот и мускулите на лицето, па затоа честопати сме сведоци на деца чии јазик е со надворешна протрузија, со задебелен врв, тешко подвижен итн. Сето тоа доведува до потешкотии во артикулацијата.

Кога детето почнува да џвака храна, контролирајте го неговото џвакање, внимавајте тоа да биде подеднакво и на двете страни. Децата кои имаат навика да ја обработуваат храната само еднострано, ја зајакнуваат само едната половина од јазичниот муслул, па исто така настанува потешкотија во чистата артикулација на гласовите.

Вилицата, усните, јазикот си имаат своја прецизна фина моторна работа.

Создавањето на здрави говорни навики од најраната возраст помага во работата на мускулите.

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и: Наједноставниот начин за одвикнување на вашето дете од цуцла со логопедот Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
Моќна порака од македонска мајка: „Порано било полесно – сега титкаат групите на Вибер, бираш од как... „Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Доде...
Гумените подлоги на игралишта во Финска заменети со кал – децата имаат зајакнат имунитет за само 1 г... Како би реагирале родителите кај нас ако меките подлоги на детските игралишта ка...
Те уморува борбата со детето за кои чевли да ги носи, диплењето облека и чистењето на дом, кој е пак... Никој не зборува за тешките делови од родителството. Сите изгледаат како да се с...
Мајка од Србија со моќен потсетник за родителите кои постојано „висат“ на телефон: „Детето забележув... „Ако скролате на телефонот додека си играте со вашето дете, несвесно го терате д...

Најчитани неделава