Совети за третман на деца кои доцна прозборуваат со логопед Симона В. Николовска

Дечињата кои во периодот од 2-4 години не развиле говор, а притоа немаат дијагностицирано неможност, развојни отстапувања, когнитивни или моторни потешкотии се нарекуваат доцни прозборувачи или Late talkers.

soveti-za-tretman-na-deca-koi-docna-prozboruvaat-so-logoped-simona-v-nikolovska-01.jpgфото: depositphotos.com

Доцното прозборување може да се јави како секундарен знак на некое нарушување, како специфично јазично нарушување, нарушување во социјалната комуникација, аутистичен спектар на нарушување, потешкотии во учењето, дефицит во вниманието и хиперактивност, интелектуални или други развојни нарушувања.

И покрај тоа што веќе сте побарале помош и логопедот ќе работи со детето, потребно е и Вие како родител да посветите внимание на развојот на говорно - јазичните вештини .

Подолу логопедот Симона В. Николовска споделува некои активности кои треба да ги практикувате почесто.  Советите се дел од Среќичка водичот за стимулација на говорно – јазичните вештини за деца 18+

1. Разговарајте многу со вашето дете. Ова ќе му помогне на вашето дете да научи нови зборови.

2. Користете ги секојдневните случувања и опкружувањето за да бидете во постојана комуникација со детето.

3. Читајте со вашето дете секој ден. Истакнете ги  зборовите кои Ви се таргет на објектите што ги гледате.

4. Покажете му ги знаците во околината.

5. Разговарајте со детето на јазикот кој најдобро го разбира (За деца кои растат во билингвална средина)

6. Слушајте внимателно кога вашето дете зборува.

7. Натерајте го детето да Ви поставува прашања, но не настојувајте по секоја цена, за да не се создаде фрустрација.

8. Дајте му на Вашето дете време да одговори на прашања.

9. Поставете временски ограничувања за гледање телевизија и користење компјутери. Користете го времето за разговор и читање заедно, играње игри.

Бројни совети за говорна стимулација може да најдете на Инстаграм профилот на логопедскиот кабинет Среќичка, дополнително може да се консултирате за Среќичка водичот наменет за late talkers.

Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитајте и: „Моето дете има две години и сè уште не зборува“ - на прашање од родители одговара логопед Симона В. Николовска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„Дали моето дете е подготвено за 1-во одделение?“ – одговор на прашањето што ги мачи сите родители Во период на уписи за прво одделение, многу родители се прашуваат дали детето е ...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
Тешки вистини со кои секој родител треба да се соочи, според наставници „На детето од прво одделение не му треба смартфон. Престанете да ги користите ек...
Што да правите ако вашето дете е насилник и малтретира други деца? Иако е тешко да признаете дека вашето дете е насилник, не заборавајте дека ова н...

Најчитани неделава