Како да им помогнете на децата да се справат со стресот, во период кога животот им е целосно променет?

Не само возрасните, туку и децата чувствуваат негативно влијание од пандемијата, која неретко им предизвикува и анксиозност, посебно откако после цела година ситуацијата уште е неизвесна. Затоа, родителите треба да им помогнат на децата да го надминат овој тежок период низ кои минуваат.

kako-da-im-pomognete-na-decata-da-se-spravat-so-stresot-vo-period-koga-zhivotot-im-e-celosno-promenet-01.jpgфото: depositphotos.com

Кога почнаа да се затвораат училиштата и градинките поради пандемијата, секој родител почна да се грижи какво влијание ќе има ова врз неговото дете. На почетокот сите се надевавме дека целата ситуација ќе помине брзо и дека наскоро сите ќе си продолжиме „по старо“, но помина скоро цела година и веќе е јасно дека не само возрасните, туку и децата чувствуваат последици од ова.

Онлајн следење часови, онлајн дружење, неможност за средби и активности на кои се навикнати и кои се пожелни за децата, сето тоа предизвикува стрес за нив, дури и некогаш да не го забележувате тоа. Можеби мислите дека веќе ја имате ситуацијата под контрола, но многу е веројатно дека не сте свесни за некои ситуации и заборавате да обрнете внимание на нив, мислејќи дека децата се навикнати после толку време. 

Можеби ќе ве интересира и: На тема анксиозност во време на корона со м-р Ивана Хаџиванова, психолог: „Вина, грижа на совест, страв за блиските“

Всушност, едно истражување покажа дека новонастанатата ситуација може да предизвика анксиозност, па дури и депресија кај децата.

Затоа, важно е да му помогнете на вашето дете да се справи со негативните последици од пандемијата, а во продолжение можете да погледнете неколку совети што ќе ви помогнат во тоа.

Секако, не ги земајте „здраво за готово“, секој случај е различен, а доколку забележувате сериозни проблеми, советувајте се со стручно лице за да му помогнете на детето што е можно порано и без последици. 

Совети што може да ви бидат од корист доколку досега не сте ги применувале често:

Редовно прашувајте ги децата како се чувствуваат

Секој ден прашувајте ги вашите деца како се чувствуваат. Одвојте малку време и прашајте ги како им поминал денот, дали имаат некаков проблем, дали сакаат или имаат потреба да разговараат за нешто или да прават нешто…

На овој начин, ако детето има проблем поголема е шансата да ви каже, но не може да го очекувате ова од првиот пат. Мора да воспоставите близина. 

Ситуацијата е тешка и за родителите кои работат од дома или можеби останале без работа, па грижејќи се за своите проблеми, често забораваат да им обрнат доволно внимание на децата, но обидете се да го промените ова. На децата им е потребно внимание, разговор, заеднички игри, прошетки, активност...

kako-da-im-pomognete-na-decata-da-se-spravat-so-stresot-i-anksioznosta-za-vreme-na-pandemijata-02.jpg

Поминувајте време на отворено

Прошетките во природа се одличен начин да ја разбиете монотонијата и да им го подобрите расположението на децата. Всушност, и истражувања покажуваат дека играњето надвор и шетањето во природа има позитивно влијание врз децата и ја намалува нивната анксиозност.

Ограничете им го времето поминато пред екран

Периодов сите минуваме многу време пред компјутер или смартфон, најмногу бидејќи поради пандемијата сме ограничени за бројни активности, а децата следат настава онлајн. Сепак, добро би било да не им дозволувате на децата да го минуваат целото слободно време пред екран после училишните обврски.

А, кога децата користат електронски уреди во слободното време, добро би било да ги користат за социјализација со другарчињата. 

kako-da-im-pomognete-na-decata-da-se-spravat-so-stresot-i-anksioznosta-za-vreme-na-pandemijata-03.jpg

Научете ги да следат дневна рутина

Едно истражување покажало дека децата кои имаат одредени активности и ритуали во текот на денот, како вечера со семејството или време за читање, се чувствуваат многу подобро и посреќно од децата кои немаат никаков план.

Во овој случај, можете да почнете со рутина за спиење – секоја вечер децата нека си легнуваат во исто време, а еден час пред спиење не им дозволувајте да користат електронски уреди. Наместо тоа, овој период нека го искористат за читање, разговор со вас или каква било релаксирачка активност.

Потоа во дневниот распоред додавајте и други активности, како време за учење, време за играње надвор и слично.

Дозволете им на децата да избираат за себе

Ако им дозволите на децата самите да носат едноставни одлуки за себе, тие ќе чувствуваат многу подобро. На пример, дозволете му на детето само да одбере каква облека ќе носи, само да одбере физичката активност што му се допаѓа и слично.

Со ова ќе ја зголемите самодовербата на вашето дете, ќе го научите да биде независно и, најважно во оваа ситуација, ќе му помогнете да се чувствува подобро.

kako-da-im-pomognete-na-decata-da-se-spravat-so-stresot-i-anksioznosta-za-vreme-na-pandemijata-04.jpg

Не заборавајте да се грижите за себе

Експертите сметаат дека за родителите е најважно да научат правилно да се справуваат со стресот и да се грижат за себе. Кога вие ќе се чувствувате добро, многу полесно ќе му помогнете на вашето дете да го надмине тешкиот период.

Затоа, не заборавајте да најдете време за релаксирачки активности, хранете се здраво, вежбајте и генерално водете подобра грижа за себе.

kako-da-im-pomognete-na-decata-da-se-spravat-so-stresot-i-anksioznosta-za-vreme-na-pandemijata-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg