Исповед на жена која станала мајка на 50 години: „Научена сум да бидам себична, немам сила да трчам по детето“

Кога Антеа Николас дознала дека е бремена и таа како и голем број други мајки почнала да плаче. Таа и нејзиниот сопруг Пит се запознале подоцна во животот и не очекувале дека некогаш ќе имаат деца.

Majka-ja-otkriva-surovata-strana-na-roditelstvoto-na-50-godini-nauchena-sum-da-bidam-sebichna-nema-sila-da-trcham-po-deteto-01.jpg

Антеа (60) вели дека таа и споругот Пит (64) се договориле дека нема да бидат родители, а таа мислела дека е „премногу стара“ за да забремени.

Лекарите ги советувале да престанат да користат контрацепција, затоа што возраста на Андреа, но и намалениот број на сперматозоиди во спермограмот на Пит укажувале на тоа дека шансите таа да остане бремена се 1 милион наспроти 1. Шансите за успешно да го износи детето биле уште помали – седум милиони наспроти еден.

Но, во 2010-тата година, за некое чудо таа останала бремена и тоа по природен пат.

Majka-ja-otkriva-surovata-strana-na-roditelstvoto-na-50-godini-nauchena-sum-da-bidam-sebichna-nema-sila-da-trcham-po-deteto-02.jpg

„Мaтичниот лекар, но и гинекологот ни препорачаа да абортирам. Моравме добро да размислиме, но Пит беше посилен од мене и се чувствуваше благословен“ - вели таа.

Во 2011-тата година таа се породи со синот Ник, кој сега има девет години. На нејзиниот профил на Facebook таа редовно објавува фотографии од момчето.

Majka-ja-otkriva-surovata-strana-na-roditelstvoto-na-50-godini-nauchena-sum-da-bidam-sebichna-nema-sila-da-trcham-po-deteto-04.jpg

„На нашата возраст ние сме се навикнале да бидеме себични – и тоа го говорам во најблага смисла. Јас бев навикната да го правам тоа што сакам да го правам, кога сакам и бев релативно финансиски независна па можев да правам што сакам. Потоа наеднаш буквално светот ми се преврте наопаку, па наместо на првото, се најдов на последното место“ – изјавила таа за Daily Telegraph во 2014-тата.

Во 2016-тата таа даде изјава за австралискиот портал news.com.au во која говореше за сите предизвици со коишто се соочувала како повозрасна мајка. Таа инаку се смета за најстарата Австралијанка што успеала да забремени по природен пат.

Majka-ja-otkriva-surovata-strana-na-roditelstvoto-na-50-godini-nauchena-sum-da-bidam-sebichna-nema-sila-da-trcham-po-deteto-05.jpg

Како што вели секогаш била загрижена поради тоа што нејзиниот син ќе има повозрасни родители:

„И понатаму сме активни, здрави родители, но проблем е тоа што треба да му ја обезбедиме физичката активност што му е потребна, затоа што нема браќа и сестри да трча со нив. Сакаме да бидеме сигурни дека ќе биде со повеќе деца. Многу би сакале да посвоиме дете за Ник да има брат или сестра, но тоа не е возможно. Нашата возраст не ни дозволува“ – вели таа.

Таа вели дека воопшто не планирала дека повозрасните години од животот ќе ги помине во планирање средби со другарчиња за синот и трчање по малото дете, но сепак се чувствува благословено.

„Стоиме до неговиот кревет навечер и си велиме: ‘Навистина имавме среќа’. Секогаш ќе има дел од луѓето што ќе речат: ‘Не требаше да го направите тоа’. Но, мојата бременост беше непланирана. Да не требаше да абортирам? Неодамна имав напнат разговор со една жена што смета дека требало тоа да го сторам, за на крајот да ми рече: ‘Не ми го промени мислењето за тоа прашање, но разбирам кој е твојот став’“.

Која е омилената работа на Антеа во родителството?  - Тоа што може да ги гледа работите низ перспективата на децата, затоа што забораваме како да го правиме тоа.

А најлошата? - Бучавата. Како што вели таа, одамна веќе им рекла Збогум на тишината и приватноста.

Инаку, приказната на Антеа повторно е актуелна во медиумите откако Наоми Кемпбел деновиве објави дека станала мајка на 50 години. Ако им веруваме на тврдењата на Антеа, Наоми пред себе ќе има полни раце работа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“ „Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште с...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...

Најчитани неделава