7 совети за да го вратите сјајот на вашата кожа

Во моментов, блескавата кожа е хит во светот на убавината и секој се обидува да ја постигне. Голем дел од нас се уморни од здодевната, сува кожа која ја предизвикува ладното време. Па, нормално, кој не би сакал здрава кожа која блеска?

7-raboti-koi-kje-go-vratat-sjajot-na-vaseto-lice-01

Затоа, пронајдовме 7 работи кои ќе го вратат сјајот на вашето лице:

1. Ексофолирајте го лицето

Зимата знае да биде груба со кожата, особено деловите кои се изложени, како на пример, вашето лице. Првиот чекор кон блескава кожа е добра ексофолиација. Она што е важно при ексфолиација е да бидете нежни. Користете нежен производ и пожелно е да користите четка за лице.


2. Употребете маски за блескав тен

Маските ќе ви помогнат да го изедначите тенот и ќе ја направат кожата да биде блескава. Постојат многу рецепти за домашни маски, но можете и да ги купите. Ако ви е потребен поттик за зголемување на самодовербата, тогаш овие маски сигурно ќе ви помогнат.


3. Направете шеќерен пилинг

Лицето не е единствениот дел од телото на кој му е потребна ексфолиација. Одвреме-навреме добро е да го ексфолирате целото тело. Може да користите шеќерен пилинг или обичен гел за туширање и да го триете со луфа.


4. Користете светкав лосион

Ако додадете малку светкав лосион, сигурно ќе го подобрите изгледот. Внимавајте, постои голема разлика помеѓу малку светки и премногу светки. Вистинската количина на светки е кога ќе се погледнете и забележите дека при движење малку светкате.


5. Променeте ја пудрата

Трендот за блескава кожа скоро и да доаѓа од квалитетна пудра. Веќе знаете дека треба да ја промените нијансата во текот на годишното време (од лето во зима и обратно), но треба да ја промените и формулата – т.е. ако летната пудра меѓу другото, е направена за потемнување, тогаш таа нема да ви одговара во зима затоа што тогаш ви треба таква формула која ќе го штити лицето од студ.


6. Играјте си со хајлајтерот

Овој мал продукт е магичен кога станува збор за блескавост. Клучот е во нанесувањето – т.е. доволно е сосема малку за вашата кожа да изгледа како бакната од сонцето. Секогаш може да придодадете, но скоро никогаш не можете да одземете.


7. Останете хидратизирани

Знаете како велат – ако си убав однатре, тогаш ќе бидете убави и однадвор. Блескотот на кожата може да го постигнете ако останете хидратизирани. Сувата кожа е спротивност на блескавата кожа. Една голема промена – т.е. пиење повеќе вода може многу да ви се исплати. Освен кожата, ноктите и косата исто така ќе ви зајакнат, а дури може да ослабете.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Новиот хит за маникир во лето 2025 – реалистично пресликани лушпи од овошје (фото) Изгледа е време да се збогувате со нацртаните плодови од црешки и лубеници и да ...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...

Најчитани неделава