Ветување кое ќе ви го смени животот на подобро

Од сите ветувања кои ги кажуваме во тек на животот најважни се оние кои си ги даваме сами на себеси затоа што тие ни помагаат да го трансформираме своето секојдневие на подобро, да растеме и да се развиваме. Сепак слободно може да се каже дека најголемата одлука која можеме да ја донесеме е повеќе да се грижиме за себеси што автоматски повлекува и многу други позитивни работи како здравје и мир.

vetuvanje-koe-kje-vi-go-smeni-zivotot-na-podobro-01.jpg

Новата линија на козметичката компанија Avon е наменета за жени над 35 години и нејзината основа е токму во негата и среќата на припадничките на понежниот пол. Понудата е насочена кон производи кои го истакнуваат негуваниот изглед и воедно ја ставаат убавината во фокусот. Целта што компанијата сакала да ја постигне е да создаде производи кои се со пристапни цени и воедно го потенцираат најдоброто кај секоја жена.

Дел од линијата Avon True е и торбичката која е елегантна и пространа. Станува збор за црна козметичка торбичка изработена од кожата сафијано. Таа е совршеното место каде може да се стават сите мали и поголеми артикли кои ѝ требаат на секоја жена во текот на денот и кои ќе и помогнат во негата и ќе го истакнат нејзиниот прекрасен изглед. Но внимавајте, секој производ што ќе го ставите во неа пожелно е со себе да носи една идеја – одвојте барем малку повеќе време за себеси и за тоа што вас ве прави среќни.

vetuvanje-koe-kje-vi-go-smeni-zivotot-na-podobro-1.jpg

Дел од Avon True линијата е и маскарата која воедно е богата и со кокосово и арганово масло и ги потхранува трепките. Кога ќе сакате вистински да ја истакнете вашата убавина, одвојте неколку минути за себеси и разубавете ги трепките со помош на овој производ од новата линија на компанијата Avon. На располагање e и карминот од оваа колекција кој исто така е идеален додаток во торбичката. Главниот адут на овој производ е дека има хидратизирачки и обновувачки ефект што значи дека карминот покрај тоа што ги разубавува усните воедно ги прави помеки и понегувани.

vetuvanje-koe-kje-vi-go-smeni-zivotot-na-podobro-3.jpg

Идеална опција за да се посвети повеќе време на себеси е и лакирањето, ритуал кој многу жени го прават барем еднаш неделно. Козметичкиот гигант Avon креираше лакови кои ги зацврстуваат ноктите, богати се со витамините Ц и Е, а во продажба е уште серија на артикли со кои може да се спречи појавувањето на заноктици, да се пополнат нерамнини односно, сè на сè, да се задржат ноктите убави, силни и здрави.

Бидете фокусирани на сопствените желби и потреби, одвојте повеќе време за себеси и тоа ќе ви донесе радост. Земете ја Avon True торбичката со себе и наполнете ја со мали работи кои ќе ви создадат мала пауза, мал момент за вас во брзиот и непредвидлив ден преполн со обврски. 

Повеќе информации за новите производи на Avon од линијата Avon True може да најдете на следниот ЛИНК.

vetuvanje-koe-kje-vi-go-smeni-zivotot-na-podobro-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...

Најчитани неделава