Природни маски за лице и тело против испукана кожа

Ладното време во комбинација со ветрот прави нашата кожа да биде сува и чувствителна, особено за време на зимскиот период.

Prirodni-maski-za-lice-i-telo-protiv-ispukana-koza-01

Соодветната хидратација и заштита се предуслов за мека и убава кожа.

Следните природни маски за лице и тело ќе ви помогнат да се ослободите од сувата и испукана кожа, заменувајќи ја со нежна и хидрирана.

1. Зимски пилинг за лице и тело со какао

Состојки:

  • неколку лажици ориз
  • 1 лажица какао
  • неколку капки етерично масло од портокал или ванила
  • 30 ml маслиново масло

Начин на подготовка:

Сомелете го оризот во машина за кафе додека не се претвори во брашно. Измешајте го со маслото, какаото и етеричното масло. Добиената смеса нанесувајте ја 2 пати неделно.

2. Хранлива маска од авокадо за лице и тело

Изгмечете го авокадото со виљушка и додадете малку маслиново масло. Добиената смеса нанесете ја на лицето или телото и оставете да делува 15 минути. Потоа убаво измијте со млака вода.

3. Маска од млечни производи за уморна кожа

Едноставно нанесете малку природен јогурт, путер, павлака или кефир на лицето, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете да делува 10 – 15 минути, па измијте го лицето со топла вода. Оваа маска ќе ја омекне, подмлади и заштити кожата од негативните зимски влијанија.

4. Маска за раце и стапала

измешајте неколку лажици мед со неколку лажици маслиново масло и со добиената смеса намачкајте ги рацете или стапалата. Најдобри би било да ги замотате во најлонски кеси и да оставите маската да делува 20 минути. На крајот само исплакнете со млака вода.

5. Маска за сува коса

Состојки

  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици сок од лимон
  • 2 лажици јаболков оцет
  • неколку капки етерично масло од лаванда, рузмарин, чемпрес...

Начин на подготовка:

Загрејте го маслото, па тргнете го од оган и додадете ги сокот од лимон и оцетот. Измешајте и нанесете на измиена коса. Замотајте ја главата со фолија и оставете маската да делува 1 час. На крај измијте ја косата во шампон.

6. Пилинг за лице и тело од портокал

Иситнете кора од портокал, лимон или грејпфрут во машина за мелење кафе. Додадете 1 лажица јачменова каша, 6 капки етерично масло (од портокал, лимон, мандарина) и неколку лажици маслиново или бадемово масло, доволно за да добиете густа смеса. Добиената маска нанесувајте ја 2 пати недело, по потреба.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава