Колку пари троши Џенифер Анистон во една година за да изгледа млада?

Џенифер Анистон дефинитивно изгледа како воопшто да не старее, ама тоа секако, се должи на напорна работа, внимавање при исхраната и многу третмани.

kolku-pari-troshi-dzenifer-aniston-vo-edna-godina-za-da-izgleda-mlada-01.jpeg

Поточно, во текот на последниве 17 години таа има потрошено околу 1.47 милиони долари или отприлика по 86.827 долари годишно.

Еве што сè би требале да правите и колку пари да трошите за да го задржите младешкиот изглед како Џенифер Анистон:

Диета - 19.970 долари годишно

Пред да ја добие улогата на Рејчел, многу режисери ѝ велеле дека е предебела, но дотогаш јадела „пржени компирчиња во сосови и милкшејкови“.

Потоа, започнала да се држи до Аткинсоновата диета и е клиент на „Diet Designs“ уште од 2001-та година.

И секако, за храната која ја јаде троши околу 384 долари на една недела.

kolku-pari-troshi-dzenifer-aniston-vo-edna-godina-za-da-izgleda-mlada-1_copy.jpg

Лице - 7.387 долари годишно

За да изгледа така вечно млада, не е ниту лесна работа, ниту евтина.

Порано користела креми кои содржат алфа хидрокси киселини, а сега употребува CACI третман (истиот третман кој го преферира и девојката на принцот Хари, Меган Маркл).

Овој третман чини 61 долар по сесија, што значи дека Анистон плаќа 734 долари во текот на една година за третмани на лицето.

Покрај тоа, таа плаќа и по 110 долари од еден час за да ѝ бидат ставени две струјни жици во лицето и да ѝ ја затегнат кожата.

Анистон, исто така, е фан на „Ultherapy“ третман кој подразбира подигнување на кожата без примена на хируршки зафат. Третманот го прави на секои 6 месеци, а чини 917 долари.

Нозе - 46.428 долари годишно

Џенифер е фитнес фанатик кој вежба 6 дена во неделата заедно со тренерот Менди Ингбер. За својот тренер таа плаќа околу 893 долари неделно.

Коса - 8.531 долари годишно

Анистон е пријателка со фризерот Крис Мекмилан кој се грижи за нејзината коса уште од почетокот на „Пријатели“ во 1994-та година.

Инаку, за нејзината боја се грижи Мајкл Канале чија цена почнува од 398 долари за фарбање на основата на косата.

Шминка - 827 долари годишно

Дневната шминка на Анистон се состои од Chanel маскара (31 долар), коректор (33 долари), тонирана крема, полесна од пудра (43 долари), а понекогаш користи и Armani Face Fabric  пудра (50 долари).

Ако пресметате според тоа колку пати во текот на една година би требала да ги замени козметичките произведи, излегува дека троши околу 830-ина долари годишно.

kolku-pari-troshi-dzenifer-aniston-vo-edna-godina-za-da-izgleda-mlada-2.jpg

Веѓи - 880 долари годишно

Анистон инвестира речиси 1.000 долари годишно само за нејзините веѓи за кои се грижи козметичарката Анастасија Соаре.

Тен - 2.353 долари годишно

Џен троши околу 2.400 долари во текот на едната година за да го има тој совршен лажен тен.

Врат - 448 долари годишно

Ниту една жена после 40-ите години не си го сака својот врат, а Анистон не е никаков исклучок. Таа троши 448 долари годишно за Euoko Fractional Neck Lift концентрат.

Нос - 24.462 долари

Анистон досега има потврдено две пластични операции на носот кои ги има направено кај докторот Раџ и за нив има платено 24.462 долари.

Гради - најверојатно 6.000 долари

Многу луѓе шпекулираат дека има направено и пластична операција на градите за која најверојатно ја платила околу 6.000 долари.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
Четири причини зошто имате многу груба кожа на стапалата (и покрај редовниот педикир) Користите многу груби алатки, како метална турпија за пети, и ја занемарувате не...

Најчитани неделава