Тренди маникир: Нокти со тропски мотиви

Листовите, кактусите, палмите и цветовите се вистински хит во декорирањето на ноктите оваа сезона.

trendi-manikir-nokti-so-tropski-motivi-1.jpg

Полека, но сигурно, летото ни се приближува. Доколку сте нестрпливи, тогаш поканете го уште сега, барем со мал и симболичен детаљ. На пример, изберете си маникир со егзотична тема, пресликувајќи ги најубавите мотиви на ова сончево годишно доба на своите нокти.

Тапетите со тропски билки веќе долги години се користат во уредувањето на ентериерот. Сè започнало пред повеќе од седумдесет години, кога американските дизајнери за првпат ги претставиле тапетите со лисја од банана како мотив.

Денес, пак, ботаничкиот тренд одново станува хит, но тропските дезени веќе не се користат исклучиво за украсување на домовите. Сега дизајнерите претставуваат и „ботанички“ накит,  „ботаничка“ облека, но и маникир инспириран од егзотичните билки.

Во класичната верзија, ваквиот маникир најчесто се изработува во пастелни бои, со темни и светли нијанси на зелена, или, пак, во црно-бела варијанта.

Од нашата галерија во продолжение, ѕирнете кои се омилените дезени на девојките за претстојните топли и игриви денови:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...

Најчитани неделава