За бестрашни фраерки: Маникир инспириран од „Wonder woman“

Откако стрип иконата успешно ги покори кино-салите, сега завладеа и со светот на убавината.

za-bestrashni-fraerki-manikir-inspiriran-od-wonder-woman-1.jpg

Силната еманципирана жена и опасна фраерка - Wonder woman – претставува синоним за апсолутната женска моќ.

Оттука, не изненадува тоа што хероината стана дел и од урбаната култура, благодарение и на неодамнешната филмска екранизација која ги освои кино-салите ширум светот.

Социјалната мрежа Инстаграм вeќе е преплавена со објави на популарните блогерки и трендсетерки, кои „жената-чудо“ си ја применија и во својата рутина за убавина.

Во потрага сте по креативни и стилски идеи за уметност на ноктите? Од детално исцртани букви, па дури и ликот, до заштитните симболи, како ѕвездичките – маникирот на оваа тема воодушевува на прв поглед.

Тие што имаат стабилна рака и преферираат сами да си ги средуваат ноктите, може да се позанимаваат со нивно исцртување, додека пак, за оние помалку вештите, доволно е да се послужат со основните „Wonder Woman“ бои (сина, црвена и жолта), како основа.

Воедно, достапни се и широк спекар на тематски налепници за нокти, кои може да се купат на интернет, а се далеку полесна опција од исцртувањето на ноктите.

Крајниот впечаток е навистина впечатлив, моќен и апсолутно – кул.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Трендови за маникир кои веќе се застарени + 6 нови што ќе ги гледаме насекаде Додека светкавиот маникир делува нападно и застарено, суптилните дезени со светк...
Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на мест...

Најчитани неделава