Гимнастика за лице: 5 вежби што ќе ве подмладат за 5 години

Младоликиот изглед и мазната кожа не се резултат само на скапите козметички третмани и препарати, туку и на малку секојдневен труд кој и тоа како ќе ви се исплати.

gimnastika-za-lice-5-vezhbi-shto-kje-ve-podmladat-za-5-godini-01.jpg

Гимнастика или јога за лице е една од наједноставните и најефикасни техники за подмладување на изгледот на кожата.

Следниве 5 вежби ќе ви одземат најмногу 5 минути во денот, а за нив не ви требаат ниту пари, ниту дополнителен простор во домот. Можете да ги правите и превентивно, за да спречите појава на брчки, бидејќи нема старосна граница.

Сепак, гимнастика за лице не се препорачува за лица кои имаат проблеми со кожата, па ако сте во таа група на луѓе, најдобро би било да се консултирате со дерматолог.

1. Вежба за челото

Ставете го дланките на страничните делови од лицето, покрај образите. Полека движете ги кон слепоочниците како да ја измазнувате кожата, останете таму неколку секунди, па вратете се кон образите. Повторете неколку пати.

gimnastika-za-lice-5-vezhbi-shto-kje-ve-podmladat-za-5-godini-03.jpg

2. Вежба за образите

Ставете ги прстите хоризонтално на горниот дел од образите, под очите. Насмевнете се, а аглите на усните  кревајте ги нагоре. Останете насмеани неколку минути, па опуштете ги мускулите. Повторете ја вежбата 20 пати.

3. Вежба за подбрадок

Седнете или застанете исправено и држете го вратот во рамна положба. Навалете го грбот наназад и истовремено испружете ја брадата колку што можете погоре. За кожата убаво да се истегне, останете во таа положба неколку секунди, па опуштете ги мускулите и повторете неколку пати.

gimnastika-za-lice-5-vezhbi-shto-kje-ve-podmladat-za-5-godini-02.jpg

4. Вежба за вратот

Легнете на грб и свртете ја главата на страна. Вртете ја главата од една на друга страна како да правите полукруг. Не ја навалувајте многу надолу, туку држете ја колку што можете погоре при вртењето. Повторете ја вежбата 20 пати.

5. Вежба против спуштени капаци

Ставете го показалецот на внатрешниот дел на окото, а средниот прст на делот над носот. Држете ги очите отворено, но притискајте ги како да сакате да ги затворите. Повторете ја оваа вежба 20 пати.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...

Најчитани неделава