Кој е парфемот од кој принцезата Дијана не се одвојувала?


Кој е парфемот од кој принцезата Дијана не се одвојувала?

За чудо, не се работи за популарен мирис на кој мирисаат половина од жените.

parfemot-od-koj-princezata-dijana-ne-se-odvojuvala-01.jpg

Принцезата Дијана беше една од најголемите модни икони на 20-тиот век, а повеќето правила за убавина до кои се придржувала ги применува секоја „обична“ жена.

Љубопитноста кон нејзините рутини за убавина го откри и нејзиниот омилен парфем од кој со години не се одвојувала.

Парфемот ѝ служел како завршен печат на изгледот и не излегувала од дома без него.

Нејзината некогашна шминкерка потврди дека Дијана го обожавала специфичниот мирис со топла нота, кој вклучува цвет од портокал, гарденија и праска.

parfemot-od-koj-princezata-dijana-ne-se-odvojuvala-02.jpg

Се работи за парфемот од познатиот француски бренд Hermes - 24 Faubourg.

parfemot-od-koj-princezata-dijana-ne-se-odvojuvala-03.jpg

parfemot-od-koj-princezata-dijana-ne-se-odvojuvala-04.jpg

Сепак, за денот на венчавката Дијана се одлучила за друг парфем.

За таа прилика нанела Quelques Fleurs од брендот Houbigant. Парфемот имал цветни ноти од јасмин, рози, јоргован и цвет од портокал.

parfemot-od-koj-princezata-dijana-ne-se-odvojuvala-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 6 женски парфеми од Zara Колку пати сте тргнале во шопинг, кој од непознати причини завршил неуспешно, па...
Парфем со мирис на прашина, кармини како тоалетна школка: Најчудната к... Веќе утврдивме дека за подобра продажба се прави апсолутно сè, па дури и ако тоа...
10 новитети од светот на парфемите кои сакаме да ги испробаме оваа про... „Никогаш не си целосно облечен без парфем. Парфемот е момент на слобода. Тој е к...