Задолжителен третман за убавина пред ладните денови

Студот може да и наштети на вашата убавина, а за да ги заштитите лицето и косата пред да дојдат ниските температури, потребни ви се само 2 маски.

maska-od-kafe-za-kosa-i-lice-tretman-za-ubavina-pred-ladnite-denovi.jpg-01.jpg

Сигурно досега сте слушнале и прочитале за моќта на кафето кога станува збор за убавината, па така и овојпат главната состојка на маските е кафето.

Едноставни се, не бараат многу време, а освен што ќе се чувствувате поубаво, ќе го зачуваат сјајот на вашата кожа и коса.

Нега на коса

Сварете благо кафе и оладете го, а потоа нанесете низ целата коса и соберете ја во капа. По 20 минути измијте го кафето од косата со вода и ќе забележите дека е посјајна.

maska-od-kafe-za-kosa-i-lice-tretman-za-ubavina-pred-ladnite-denovi-02.jpg

Маска за лице

Потребни состојки:

  • 2 лажици мелено кафе
  • 2 лажици какао
  • 3 лажици полномасно млеко или јогурт
  • 1 лажица мед

Сите состојки ставете ги во сад и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Маската нанесете ја на лице правејќи нежна масажа за подобра циркулација. По 15 минути, исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хидратантна крема.

maska-od-kafe-za-kosa-i-lice-tretman-za-ubavina-pred-ladnite-denovi-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава