Заштита во ладните денови: Домашен балсам за усни со кокосово масло

Студените денови кои ни ги носи есенската сезона веќе пристигнаа, а тоа значи дека на кожата ѝ е потребна дополнителна нега.

zashtita-vo-ladnite-denovi-domashen-balsam-za-usni-so-kokosovo-maslo-01.jpg

Покрај другите делови од телото, ветерот и ладното време знаат да ја исушат кожата на усните и да ги направат рапави и непривлечни, па нив не треба да ги заборавите при негата.

Балсамите за усни кои се на природна база се многу поефикасни од купечките и не содржат никакви хемикалии и адитиви.

Овој природен балсам можете многу едноставно да си го направите дома.

Потребни состојки:

  • 15 грама пчелин восок (го има во речиси секоја аптека)
  • 10 ml. (2 лажици) кокосово масло
  • 3 ml. масло од бадем или јојоба
  • 4 капки етерично масло од портокал

Подготовка:

Во мал сад (тенџере) на оган ставете вода речиси до половина. Во огноотпорен сад ставете го иситнетиот пчелин восок и кокосовото масло, а тој сад ставете го во тенџерето со водата на оган. Кокосовото масло и восокот треба добро да се растопат.

Тргнете ги садовите од оган, па во смесата додајте го маслото од бадем или јојоба и маслото од портокал. Измешајте со дрвена лажица и истурете ја смесата во тегличка или друг соодветен сад.

Оставете да се олади, па затворете го садот.  

zashtita-vo-ladnite-denovi-domashen-balsam-za-usni-so-kokosovo-maslo-02.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...

Најчитани неделава