Што има во несесерот на Меган Маркл и како нејзиниот начин на шминкање ќе влијае на трендовите?

Минатата година доминираше нагласеното контурирање на лицето и исцртување и пополнување надвор од природните линии на усните. Овие трендови преовладуваа на Инстаграм, под силното влијанието на кланот Кардашијан-Џенер.

Sto-ima-vo-neseserot-na-Megan-Markl-01.jpg

Но, оваа година правилата на игра се менуваат, благодарение на идниот член на кралското семејство која предизвикува масовно внимание, Меган Маркл.

Веднаш по објавувањето на свршувачката со принцот Хари во ноември 2017 година, Меган стана втората најпребаруванa личност на Google, и нормално е дека со таквата популарност (ќе) изврши огромно влијание врз трендовите.

Еден од нив е секако делот со препаративна и декоративна козметика. Позната по својата чиста кожа со здрав сјај, 36-годишната актерка е обожавател на природното нагласување на цртите на лицето.

Тоа не значи дека не употребува или не сака шминка, туку едноставно има поинаков пристап кон декоративната козметика.

Каков изглед промовира идната принцеза на британското кралско семејство?

Збогум надувани усни исцртани надвор од линиите

Доколку под влијанието на Кајли Џенер се мачевте да го зголемите волуменот на своите усни, оваа година ќе се трудите да ги вратите во својата природна форма.

Она што е најважно е дека нивното исцртување надвор од природните линии е тотален аут, а Меган се погрижи за тоа.

Таа не се грижи карминот да е нанесен со совршена прецизност, ниту пак да излегува надвор од природната големина на усните.

Sto-ima-vo-neseserot-na-Megan-Markl (4).jpg

Смоуки очите повторно се враќаат во мода

Доколку во 2017 година фокусот беше ставен на т.н. „cut crease“ во поглед на шминкањето на очите, оваа година дефинитивно смоуки изгледот се враќа во мода.

Сепак, слично како и Меган, ништо пренападно или пренагласено. Акцентирањето на очните капаци е најчесто со мат сенки во топли чоколадни тонови и малку црно моливче за очи.

Sto-ima-vo-neseserot-na-Megan-Markl (3).jpg

Природно здраво руменило

Заборавете на силните контури. Меган направи повторно сите да се вљубат во нежните руменила со розов поттон, кои изгледаат како дел од вашиот природен изглед, односно „слеани“ со вашата кожа.

Sto-ima-vo-neseserot-na-Megan-Markl (8).jpg

Природни асиметрични веѓи

Ретко кој можеше да го сфати трендот на веѓите исцртани со неверојатна прецизност, пополнети со неколку козметички производи, цврсто фиксирани и повторно коригирани со течен коректор.

Конечно, не мора да се совршено еднакви и секое влакно да е на своето место.

Sto-ima-vo-neseserot-na-Megan-Markl (6).jpg

Кожата на прво, шминката на второ место

Инвестирајте повеќе во препаративна, отколку декоративна козметика. Скапата шминка ќе ве чини уште поскапо, доколку не се грижите за лицето.

Слободно чкртнете од списокот неколку кармини, маскари и сенки и буџетот наменет за нив искористете го на производ кој ќе го нахрани вашето лице кое треба да блеска и без многу шминка.

Воедно, не прекривајте го пресилно секој „недостаток“ на вашето лице. Покажете го онакво какво што е со минимална корекција, како пеѓите со кои Меган се гордее.

Sto-ima-vo-neseserot-na-Megan-Markl (7).jpg

Кои козметички производи ѝ се фаворити на Меган, вклучувајќи го и нејзиниот омилен парфем?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава