Жени - ние сме многу повеќе од мајки и сопруги!

Ева. Сопруга на Рајан, мајка на Есмералда и Аманда. Ви звучи познато? Може да препознаете за која славна жена станува збор?

zeni-nie-sme-mnogu-povekje-od-majki-i-soprugi.jpg

Но, кога ќе ги наброите нејзините филмски улоги, нејзиниот ангажман во модната индустрија, залагањата за заштита на животните, освоените награди, но најмногу од сè нејзиното презиме – Мендез, веднаш знаете за кого станува збор.

Понекогаш, не е доволен описот на само еден аспект од животот на жената за да ја препознаете. Жените треба да се препознаваат и признаваат за многу повеќе од само мајка, сопруга, актерка или заштитно лице на парфем.

Нашите очи се осветлуваат со искра кога зборуваме за кариерата со која се гордееме, подеднакво како и кога објаснуваме нешто за партнерот или детето.

И нема потреба да чувствуваме вина поради тоа што нè исполнуваат многу работи истовремено.

zeni-nie-sme-mnogu-povekje-od-majki-i-soprugi-2-3.jpg

Нè исполнува смеата на децата, начинот на кој ги обвиткуваат нивните тенки рачиња околу вратот додека нè гушкаат. Тогаш ги вдишуваме силно и посакуваме моментот да трае малку подолго.

Нè исполнува букетот цвеќе добиен од сопругот без никаква специјална причина или пораката испратена за добро утро.

Нè радува времето поминато со пријателите, ручекот кој сме успеале да го направиме совршено добро за нив.

Нè исполнува беспрекорно чистиот дом, навремено завршените обврски. Нè радува личниот успех, но истовремено и мислата дека можеме да се справиме со сите препреки кои ни ги поставува животот пред нас.

Независноста која ни овозможува да си купиме нешто што одамна сме го посакувале нè исполнува со гордост. Оној омилен фустан кој ни беше малку тесен, а сега изгледа како да е скроен токму за нас.

Ние сме прекрасни и комплексни, и одамна не нè исполнуваат само една или две работи во животот. 

Сакаме сè, бидејќи можеме сè, толку е едноставно.

Истовремено слободни, но и зависни од неколку мали задоволства, едно од таквите е секако - парфемот.

Тој создава дополнителна аура на препознатливост. Тој има моќ да го трансформира обичниот ден во еден од најдобрите во животот.

So-vistinskiot-parfem-nie-sme-se-sto-ke-posakame-da-bideme-01.jpg

Новата мирисна колекција на Avon – Eve Discovery Collection од три мириси умее да го направи секој момент посебен и да ги засили чувствата, независно од пригодата.

Некои денови сакате да бидете елегантни, а тоа подразбира многу повеќе од само високи потпетици.

Елеганцијата е став. Зачинете го моментот со парфемот Elegance, кој слично како и елеганцијата е едноставен, но моќен. Одличната симбиоза на цвеќиња, овошја и мошус го прават парфемот неверојатно грациозен и елегантен, совршен за пригодите кога сакате сите погледи да се завртени кон вас.

Самодовербата е моќ. Зарем има подобро чувство од она кога сте господар на сопствените одлуки и не дозволувате истото да ви се излизга низ прстите?

Confidence одлично ќе се „лизга“ на вашиот врат и зглобовите, давајќи ви позитивен ориентален цветен набој нагласен со слатка ванила и дрвност. Ќе имате чувство дека можете да го остварите сè она за коешто сонувате.

Привлечноста е убавина и мистериозност во едно. Сензуалниот Alluring сосема си го оправдува името со фасцинантно привлечниот мирис кој носи нишки од мистериозниот ориент и цветен букет во едно.

Секоја жена е привлечна на свој начин, а овој парфем ќе ви помогне да ги нагласи вашите најдобри адути.

zeni-nie-sme-mnogu-povekje-od-majki-i-soprugi-2.jpg

Холивудската актерка, Ева Мендез е лицето на колекцијата „Eve Discovery Collection“ на AVON.

Таа истакнува дека секој од трите парфеми ни ја дава слободата да избереме какви жени сакаме да бидеме.

Оваа уметничка колекција од три индивидуални мириси креирани од најдобрите парфимеристи во светот ќе ве натера да се почувствувате исто како во моментите кои сакате да траат што е можно подолго.

Впрочем, нивната трајност го овозможува и токму тоа. Кој не сака парфем кој се провлекува околу вас во текот на целиот ден, давајќи ви доза самодоверба, елеганција и привлечност?

А шишенцата од 50 ml се приказна која обединува беспрекорен дизајн однадвор и совршена мирисна течност внатре.

zeni-nie-sme-mnogu-povekje-od-majki-i-soprugi-2-1.jpg

Исто како и Ева, сите ние сме силни сопруги, мајки, имаме успешни кариери, управуваме со домот и семејството. Женствени сме, елегантни, привлечни и кокетни кога сакаме да бидеме.

Зрачиме со самодоверба, со годините сме помудри, а насмевките нè подмладуваат. Поседуваме незаменлива естетска нишка, правиме работите секогаш да изгледаат поубаво. 

(В)љубени сме, во/од себеси, партнерот, децата, работата, пријателите, животот. 

А со добрите парфеми како трите од новата мирисна колекција „Eve Discovery“ на AVON, ние блескаме.

Нарекувајте нè ЖЕНИ.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Идеи за празничен маникир ако сакате да ја избегнете црвената боја Исто како црвената, и зелената боја потсетува на Нова година, сепак, тоа е бојат...

Најчитани неделава