Маршмелоу - боја за коса која собра тон лајкови на Инстаграм (фото)

Прекрасните мали и меки колачиња пронајдоа свое место и во светот на убавината, на воодушевување на храбрите девојки, кои не се плашат да бидат впечатливи, да експериментираат, но и да водат посебна нега за косата.

marshmelou-boja-za-kosa-koja-sobra-ton-lajkovi-na-instagram-foto-1.png

Актуелниот тренд за бојадисување на косата, кој во краток рок ги преплави социјалните мрежи, симболично се нарекува „Marshmallow“, а носи совршено освежување во изгледот на жените за новата сезона.

marshmelou-boja-za-kosa-koja-sobra-ton-lajkovi-na-instagram-foto-2.jpg

Инспиран е од истоимените меки колачиња, кои вообичаено се снежно бели, додека тоновите за фарбање на косата од оваа палета се комбинација на бели, сини и сиви нијанси. Заедно создаваат динамична и смела боја, која навистина потсетува на слаткиот десерт што се топи во устата.

marshmelou-boja-za-kosa-koja-sobra-ton-lajkovi-na-instagram-foto-3.jpg

Иако станува збор за студена нијанса, најавена е како хит на пролетта, но уште сега е сеприсутна. Од пејачката Јелена Карлеуша и старлетата Kим Кардашијан, па до популарните модни блогерки и фешнистки, низа познати дами имаа смелост да ја носат, собирајќи тон лајкови на Инстаграм.

marshmelou-boja-za-kosa-koja-sobra-ton-lajkovi-na-instagram-foto-4.jpg

Идеален избор е за блондинките, но експертите за убавина тврдат дека одлично ќе им прилега и на бринетите, како и црнките. Сепак, ваквата боја наложува избелување и тонирање на косата, а со самото тоа и го оштетува влакното. 

marshmelou-boja-za-kosa-koja-sobra-ton-lajkovi-na-instagram-foto-5.jpg

За постигнување на посакуваната нијанса, пак, потребно е време и трпение. Воедно, не е едноставна ни за одржување, па добро размислете пред да се охрабрите за промената. 

marshmelou-boja-za-kosa-koja-sobra-ton-lajkovi-na-instagram-foto-6.jpg

Секако – не пробувајте ниту да се бојадисате сами дома, туку задолжително посетете фризер. Доколку ви е тешко да објасните што точно подразбира маршмелоу бојата, не грижете се.

marshmelou-boja-za-kosa-koja-sobra-ton-lajkovi-na-instagram-foto-7.jpg

Ви споделуваме повеќе убави идеи за бела коса со сив, односно сребрен акцент, кои секогаш може да ви послужат како инспирација:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава