Биди најдобрата верзија од себеси

Во време кога технологијата не познава граници навистина е едноставно да делуваш уредно и да создадеш свој стил. Нема потреба од часови и часови поминати во тоалетот за да се избричиш, да си ја средиш косата или да го средиш телото. Добиваш навистина одличен изглед, го намалуваш потрошеното време и имаш доволно време за останатите обврски и сопствениот напредок. Токму Philips ни го прави секојдневието полесно, дозволувајќи да имаме повеќе време за себе си. Како водечка светска компанија во развој на електрични уреди за нега, Philips направи соработка со наши познати личности кои ги тестираа производите и го споделија своето мислење со нас.

bidi-najdobrata-verzija-od-sebesi-2-001.jpg

Нивните искуства, препораки и совети можете да ги прочитате во продолжение.

Дарко Ангелевски – Професионален бармен, сопственик на локалот Speakeasy

„Уживам во својата професија и насмевката која ја побудуваат кај луѓето моите коктели”

bidi najdobrata verzija od sebesi 02 copyОд рана возраст почнав да користам различни пени, гелови, сапуни за бричење и бричеви. Целата процедура ми одземаше многу време, некогаш и по 30 мин. на ден, бидејки имам многу специфично и остро влакно. Причината зошто почнав да го користам мултигрумерот е фактот што со еден тример ги завршувам сите работи кои ми се потреби, наместо да користам повеќе алатки. Самиот тример на Philips има додатоци за брада, додатоци за прецизно поткастрување, додатоци за коса и додатоци за средување на телото. Откако го користам мултитримерот за 2-3 минути сум готов да тргнам на работа. Често патувам, па тримерот го носам секогаш со себе. Имам свој барменски тулкит и тримерот си го најде своето место таму. Повеќе немам проблеми со напукната кожа, остатоци од црвени точки по лицето и други непријатни појави за време на бричењето. Морам да напоменам и дека со прецизниот додаток за средување на телото лесно ги отстранувам несаканите влакна. Мултитримерот го препорачувам на сите оние кои сакаат да изгледаат средено и смачено им е да користат повеќе алатки. Со овој производ на Philips добивате повеќенаменска алатка, прилагодена за сите делови на телото.

Следете ме на мојот профил на Facebook, со Philips ви подготвуваме нешто многу интересно.

Даниел Трбогазов - Професионален тренер за фитнес и пливање

„Вистинско задоволство е кога работиш со луѓе и кога ги гледаш среќни неколку месеци откако почнуваат да се покажуваат резултатите од напорната работа.”

bidi najdobrata verzija od sebesi 01Многу често ми се случуваше да се исечам со стариот тример кога пробуваав да ги отстранам влакната од телото каде контурите се поизразени, навистина непријатно чувство. Кожата многу често се случуваше и да се изиритира. Кога дознав дека тримерот на Philips е направен со хипоалергенска фолија која ја штити кожата бев искрено возбуден, затоа што тоа значеше крај на моите проблеми. Сега не трошам толку многу време за да бидам претпазлив и внимателен додека го користам овој тример. Особено ми се допаѓа системот за следење на контурите кој го има овој тример на Philips, односно главата на тримерот е флексибилна и се движи во различни насоки, што дополнително ми прави да се чувствувам сигурен додека го користам. Сите позиции на телото кои беа тешко пристапни со овој тример се лесно решливи.
Го препорачувам затоа што ми заштедува време и е многу едноставен и практичен за употреба.

Следете ме на мојот Instagram профил и дознајте какви изненадувања ви спремивме со Philips.

Марко Марк – ТВ и Радио водител

„Денот треба да тргне со насмевки и позитива, а јас ја имам честа да пробам да им ги разубавам утрата на гледачите. Тоа е прекрасно чувство”.

bidi najdobrata verzija od sebesi 03 copyЈа негувам својата брата веќе долго време. Секое утро станувам рано поради тоа што морам да бидам во телевизија за емисијата која ја водам, па обично имав проблем со неред во тоалетот после секое бричење кое одземаше премногу време. Тоа дополнително предизвикано поради фактот што со претходната машинка морав да поминувам повеќе пати во одредена насока на лицето за да може да ги скратам влакната. Искрено многу ми значи тоа што го скратив времето на употреба од кога го користам Philips тримерот за брада. Има систем кој ги поткрева влакната и бричењето се одвива прецизно со помалце движења.  Сепак, тоа што најмногу ми врши работа е вакуум системот кој ги собира влакната што значи дека позади себе не оставам неред. Можеш да го користиш буквално секаде: во студио, во канцеларија, во дневна соба....

Со моите пријатели од Philips ви спремивме супер активности, затоа следете го мојот Instagram профил за да дознаете повеќе.

Доколку ве интересираат повеќе информации за серијата на тримери за брада, за тело или мултифункционални тримери или се пронајдовте во некоја од изјавите на нашите пријатели Марко, Дарко и Даниел, можете да дознаете повеќе на саjтот на Philips на следниот линк: http://www.trimer.philips.com.mk.

bidi-najdobrata-verzija-od-sebesi-04.jpg

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Топ 7 бои на коса кои ќе бидат хит во есен 2025 Нежна бакарна, но и бакарна во комбинација со руси тонови, богати чоколадни нија...

Најчитани неделава