Немојте да се „бањате“ во него – 5 правила на Французинките за нанесување парфем

Љубовта помеѓу Французинките и парфемите е едноставно нераскинлива. Тоа може да го потврди и Инес де ла Фресанж, легендарната 60-годишна француска манекенка и стилска икона. Таа откри како го нанесува секојдневно парфемот за престижниот Vogue. 

5-pravila-na-Francuzinkite-za-nanesuvanje-parfem-01.jpg

„Ставам парфем дури и кога сум сама дома“, признава Инес.

Прочитајте ги петте клучни правила за правилно нанесување на парфемот којшто сте го одбрале за себе:

1. Пронајдете еден парфем и останете му верни

„Французинките им се навистина верни на своите парфеми. Тие можат со години да го носат истиот мирис и да не го сменат, без оглед на фактот дали е утро или вечер, или пак зима или лето.

Мислам дека Американските сакаат да имаат повеќе парфеми. Големо влијание имаат рекламите и списанијата, како и трговските центри каде што постојат многу уверливи продавачи. Такво нешто не постои во Франција во толкава мера.

Не прашувајте ме што мислам за новите парфеми. Генерално ги мразам. Мислам дека се премногу агресивни, со преголема доза на ирис, цитрон и што веќе не!“

2. Дозволете му на парфемот да еволуира со вас

„Кога бев млада девојка започнав да носам еден парфем на база на пачули, во стилот на ’70-тите, сè додека мојот вознемирен дедо не ми рече дека млада девојка не би требало да носи толку тежок парфем.

Подоцна, една другарка од училиштето носеше Chanel No. 19, а јас толку се воодушевив на нејзиниот созреан стил што започнав да ја копирам. Потоа носев Chanel Cuir de Russie, сè додека сопругот не ми го украде!

Сега веќе подолго време го употребувам Mitsouko на Guerlain. Често пати добивам комплименти за него од многу таксисти, а моите деца би ме мразеле кога би помислила да го заменам овој парфем со некој друг“.

5-pravila-na-Francuzinkite-za-nanesuvanje-parfem-02.jpg

3. Не ставајте премногу парфем

Парфемот мора да биде дискретен, како еден вид на мала тајна. Јас нанесувам малку на вратот, на зглобовите и сосема малку на марамата. Тоа го научив од својата баба. Таа толку ги сакаше парфемите што во една прилика кога отидов да ја посетам во болница, на масичката до неа имаше само шишенце парфем и ниту еден лек.

Тоа беше еден сладок начин на дочекување на посетителите. Особено ги сакам парфемите со нота на мошус, а ги мразам оние кои мирисаат на храна, со ноти на ванила и чоколадо, или пак парфемите кои потсетуваат на нешто специфично.

Французите ги ценат брендовите кои не се толку познати, а се квалитетни.

4. Никогаш не мешајте парфемите

„Кога малку подобро ќе ги запознаеш парфемите, ќе научиш колку е тешко да се направи еден и колку е важна работата на „носот“ во процесот, односно личноста која го креирала парфемот. На пример, потребни им се основи кои не мирисаат добро, но се мешаат со други состојки со цел да се постигне исклучителност.

Затоа, никогаш не помислувајте дека можете самите да ги мешате парфемите. Тоа едноставно нема да функционира. Французинките можеби не се совршени, но француските брендови се! Верувајте им“.

5. Нека замириса целиот ваш живот

„Во фрижидерот ставам мирисни потпури, а имам парфем и за автомобилот, како и мирисна стапчиња за домот. Имам и еден мирис кој го употребувам во канцеларијата каде што работа“ а исто така зависна сум и од парфимирани свеќи без кои не можам да тргнам на пат.

Кога е во прашање пак сопствениот парфем, никогаш не излегувам без него“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставно, а модерно - Фризури за секој ден кои ќе бидат тренди во 2024-та Ако ви здодеа да носите само пуштена коса или да ја врзувате во обично опавче, т...
Продукти за убавина кои секоја Французинка ги има во својот несесер Црвен кармин, масло за кожа, маска за очи... Кои се продуктите за убавина со кои...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
5 машки парфеми од LIDL кои се копија на познатите светски мириси, а чинат помалку од 10 евра (фото)... Парфемите што се продаваат во LIDL се всушност копија на скапите парфеми на позн...
Косата ја мијат 1-2 пати неделно, ставаат парфем на нозете: 9 тајни за убавина на Французинките Наместо да се потат во теретана неколкупати неделно, Французинките сакаат да пеш...
8 женски парфеми од LIDL кои се копија на познати скапи мириси - кој ви е омилен? (фото) Парфемите што се продаваат во LIDL се пристапна верзија на скапите парфеми на по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg