Славни дами кои беа поубави пред пластичните операции
Од преголема желба да го задржат младешкиот изглед и ги поправат дури и најситните мани на лицето, мноштво познати жени се одлучуваат на драстични корекции, кои сосема им го менуваат личниот опис. Во конкретните случаи – на полошо.

Убавината е во окото на набљудувачот, додека специфичните фацијални црти и тоа како ја одразуваат нечија индивидуалност.
Меѓутоа, бројни ѕвезди од светот на шоу бизнисот, не беа свесни за ова, па сакајќи да го запрат времето, како и да му подарат „совршени“ пропорции на ликот, тие постигнаа комплетно спротивен ефект.

Ним естетските корекции и третманите за подмладување им станаа опсесија. Резултатите од истите, денеска се далеку од посакуваното совршенство.
Нивните лица целосно се променија, а освен што ги изгубија препознатливите белези, многумина се сложни дека одењето под нож им беше промашена инвестиција.

Ова се дел од славните дами кои беа поубави пред пластичните операции:
Мелани Грифит

Мег Рајан

Кортни Кокс

Никол Кидман

Рене Зелвегер

Лара Флин Бојл

Оливија Њутн Џон

Хедер Локлир

Џенис Дикинсон

Ким Бесинџер

М. А. | Црнобело