5 трикови кои ќе ви помогнат да изгледате подобро на фотките во бикини

Докажано е дека 25% од жените чувствуваат пониска самодоверба кога се во бикини, отколку кога се нормално облечени. Па, како да го надминете чувството дека бикините не ви стојат добро, посебно кога се сликате?

5-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-izgledate-podobro-na-fotkite-vo-bikini-1.jpg

Се надеваме дека овие 5 трикови ќе ви помогнат:

Кога стоите

Не ги прекрстувајте рацете. Наместо тоа едната потпрете ја на колкот, а со другата играјте си со косата.

Нозете ставете ги една пред друга, не раширени една до друга.

Благо навалете се на едната страна за да го издолжите торзото и затегнете стомакот.

5-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-izgledate-podobro-na-fotkite-vo-bikini-1.jpg

Кога сте на лежалка

Не седете под прав агол. Наместо тоа, навалете се и потпрете се на лежалката.

Едната рака подигнете ја, а другата нежно спуштете ја на нозете. Не се обидувајте со рацете да ги скриете проблематичните делови, така повеќе доаѓаат до израз.

Не ги лепете нозете за лежалката, односно не ги потпирајте на неа. Подвиткајте ги и благо подигнете ги колениците.

5-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-izgledate-podobro-na-fotkite-vo-bikini-2.jpg

Кога седите на столче

Не ги кревајте двете нозе. Едната спуштете ја, а другата подвиткајте ја кај коленото. Така визуелно ќе го издолжите телото.

Исправете ги рамениците и грбот. Не се виткајте нанапред.

5-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-izgledate-podobro-na-fotkite-vo-bikini-3.jpg

Кога правите селфи

Аголот е најважен тука. Малку подигнете го телефонот, не се сликајте во линија на лицето или вратот.

Тргнете ја косата од лицето и телото, не се покривајте со неа. Исправете се.

5-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-izgledate-podobro-na-fotkite-vo-bikini-4.jpg

Кога седите на гума или душек

Иако удобноста тука ви е најважна, сепак кога се сликате не заборавајте дека не смее да лежите. Исправете го телото под агол од 45 степени во однос на гумата.

Не се потпирајте на рацете, не се навалувајте на едната страна. Сликајте се странично.

5-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-da-izgledate-podobro-na-fotkite-vo-bikini-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...

Најчитани неделава