Неизбричени пазуви, лице со акни: Девојка од Шведска се претставува во сосема реално издание

Проблемот со акните влијаел многу негативно врз нејзиното здравје, па затоа одлучила да се прифати себеси со сите несовршености и да им помогне и на другите да го сторат истото.

neizbricheni-pazuvi-lice-so-akni-devojka-od-shvedska-se-pretstavuva-vo-sosema-iskreno-izdanie-01.jpg

Софија Гран е девојка од Шведска која на Инстаграм има повеќе од 96.000 следбеници.

Таа сака да ги руши општествените норми за тоа што е прифатливо и постојано промовира позитивност кон себе и своето тело, без разлика на несовршеностите.

Се прикажува во сосема реално издание, па дури и со неизбричени пазуви.

Софија исто така отворено говори за проблемот со акните на нејзиното лице и за разлика од многу други девојки не ги прекрива постојано со шминка, туку се прифаќа таква каква што е.

Порачува дека секој треба да ја сака својата кожа без разлика дали таа е со акни, брчки, белези од раѓање и слично.

Софија вели дека страдала од акни уште од тинејџерските денови, но тогаш верувала дека ќе ѝ поминат. Но, на почетокот од 20-тите години тие ѝ се вратиле и тоа во многу полоша форма, можеби поради стресот од факултетските денови и некои хормонски промени.

Ситуацијата почнала да ѝ влијае негативно на менталното здравје и иако пробала сѐ - не пронашла лек.

Потоа, на социјалните мрежи сретнала луѓе кои прикачувале искрени фотографии од тоа како изгледа нивната кожа без користење шминка или ефекти и почнала да се охрабрува и самата да го стори истото и да се прифати себеси, но и да им помогне на другите во оваа борба.

Дел од искрените фотографии на Софија Гран:

Прочитајте и Македонка го покажа лицето со акни: „Излезете надвор со крената глава и без шминка“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
4 грешки поради кои пудрата ви изгледа лошо и неприродно Ја нанесувате со суво сунѓерче и ја тегнете кожата кога ја размачкувате. Ја н...
Состојки што е најдобро да ги избегнувате ако имате кожа склона кон акни Никако немојте да користите кокосово масло на лицето и прескокнете ги продуктите...
Активни состојки во продуктите за нега што треба да ги избегнувате ако имате сува кожа Салицилната киселина е состојка која може да помогне во борбата против акни. Но,...

Најчитани неделава