Девојки објавуваат реални фотки од нивното лице – борба против фотошопирана кожа на Инстаграм фотки

Нереалните стандарди поставени од жените кои користат премногу Фотошоп на социјалните мрежи и на рекламите за убавина, ги натера „нормалните“ жени да започнат кампања во која си го откриваат лицето без шминка и филтри, со цел да им дадат самодоверба на сите оние кои ја изгубиле, гледајќи ги лажно совршените лица на нивните идоли.

predizvik-devojki-objavuvaat-realni-fotki-od-nivnoto-lice-vo-borba-protiv-fotoshopirana-kozha-na-reklami-01.jpg

Социјалните мрежи прикажуваат многу нереална слика за инфлуенсерките и славните личности кои објавуваат фотографии од нивните наводно совршени лица, без ниту еден недостаток.

Но, покрај секојдневните фотки на инстаграмџиките, дури и оние фотки на кои се рекламираат производи за убавина, сепак имаат тон филтри и Фотошоп на нив, па девојките кои ќе ги пробаат на себе овие производи, често се разочаруваат од тоа што немаат ист изглед како оној на Инстаграм фотките.

За таа цел, шминкерката Саша Луис Палари уште летото 2020-та започна вирален предизвик #FilterDrop, односно кампања со која ги охрабрува жените да објавуваат фотки од нивните природни лица.

Прочитајте и Македонка го покажа лицето со акни: „Излезете надвор со крената глава и без шминка“

Освен што предизвикот вирално се прошири, Саша отиде чекор подалеку – таа се пожалила во Агенцијата за стандарди во рекламирање во Велика Британија, и по неколкумесечка борба таа конечно добила позитивен одговор од нив.

Сега во стандардите за рекламирање е вметнато дека е забрането преувеличување на ефектот од производот, кој води до заблуди. Ова е одлична вест во свет во кој лажната и нереална страна преовладува на социјалните мрежи. Следат позитивни промени.

„Предизвикот го создадов како продолжение на сето она на што верувам за убавината. Работам во оваа индустрија речиси 10 години и со оваа кампања, го променив начинот на кој ќе се гледа на убавината онлајн.

Пред 6 месеци, разговарав со Агенцијата за штетата која ја прават овие филтри и за тоа дека има потреба од построги правила за тоа како производите и козметиката се рекламира онлајн.

На крајот на јануари 2020-та добив мејл во кој беше нагласено дека според правилата, на брендовите, инфлуенсерите и славните личности им се порачува да не користат филтри на фотографиите во кои промовираат производи за убавина и да не се преувеличува ефектот кој продуктот го постига.

Денес овие правила се ставени во пракса и сето тоа заради оваа кампања“ - стои во објавата на Саша.

Дел од фотографиите на жените кои го објавија своето лице без филтри, сакајќи да ја покажат реалната слика (меѓу нив има и такви кои од многу одамна се борат да ја прикажат реалната страна и за тоа го користат нивниот профил):

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...

Најчитани неделава