Бруталната вистина зошто Клои Кардашијан „кубе коси“ за нефотошопираната фотографија

„Проблемот беше ‘многу сериозен’ – тоа што на фотката Клои изгледа како обична млада девојка. Не е чудно што има толкава паника затоа што обичното не е нешто кое го сакаат и „продаваат“ Кардашијанс. Ниту природното. Тие изградија цела империја на фантазии за женскиот изглед.“

brutalnata-vistina-zoshto-kloi-kardashijan-kube-kosi-za-nefotoshopiranata-fotografija-01.jpg

По скандалот околу фотографијата на Клои Кардашијан, објавена без Фотошоп без нејзина дозвола, и нејзините напори да ја сокрие од јавноста, Сара Вајн, новинарка во DailyMail напиша одлична колумна, инспирирана од неа.

Колумната во која се посочува на бруталната вистина, ја пренесуваме во целост:

„На сите ни се случило тоа. Лоша фотографија кога камерата нѐ уловила несвесни и миг кога добиваме шанса да видиме како навистина изгледаме.

Може да дојде како брз и непријатен шок... Ми се случило и мене доволен број пати. На почетокот ме вознемируваше драстичната разлика како изгледам во својата глава и како во вистинскиот живот.

Но, потоа сфатив дека тоа е животот и реално постојат ограничувања што можеш ти да направиш во врска со тоа. Плус, постојат поважни работи за кои треба да се грижиме.

Освен, ако сте личност на која целото постоење ѝ се базира на проектирање на одреден изглед. Личност чија популарност и богатство се преодредени од тоа да бидете инфлуенсер, кој е платен на светот да му покаже колку е совршен.

brutalnata-vistina-zoshto-kloi-kardashijan-kube-kosi-za-nefotoshopiranata-fotografija-03.jpg

Ако е така, тогаш за таа личност доза реалност не е добредојдена, па не е чудно што Клои Кардашијан испаничи од нејзината фотографија од бикини, која по грешка беше објавена без Фотошоп.

Немаше ниту тетоважа на неа од Доналд Трамп на пример, ниту нешто скандалозно, всушност „проблемот“ беше многу посериозен – тоа што таа изгледа како обична млада девојка.

Не е чудно што имаше толкава паника и нејзините адвокати веднаш стапија во акција. Затоа што обичното не е нешто кое го сакаат и прават Кардашијанс. Ниту природното. Тие изградија цела империја на фантазии за женскиот изглед, дизајниран да ги маѓепса мажите и да ги наведе жените да се воодушевуваат и да сакаат да ги копираат.

Да се има еден член од нивниот клан на интернет кој изгледа совршено невпечатливо во бикини за нив е ПР катастрофа. Особено ако тоа е Клои, вистинската Клои, и е далеку од сјајната верзија во која вообичаено ја гледаме.

Совршената кожа и телото секогаш поставено во провокативни пози сега е заменето со обична поза, несвесно стоење пред базен и блага насмевка.

brutalnata-vistina-zoshto-kloi-kardashijan-kube-kosi-za-nefotoshopiranata-fotografija-04.jpg

Клои од Инстаграм секогаш е средена со Фотошоп, а Клои покрај базенот е природно суштество (без операциите, се разбира). За Кардашијанс тоа е катастрофа за нивниот имиџ затоа што ја презентира вистината дека нивната империја е изградена на фантазија.

Животниот стил кој го „продаваат“ не е реален, прават маркетинг на нешто лажно. И ќе беше во ред ако го признаат тоа, свесни сме дека сите го користат чичко Фотошоп за фотките на Инстаграм, но не, тие одбиваат да признаат.

Понекогаш тоа ги прави „глупави“ и е забава за сите нас, но тоа изложува и посериозен проблем – дигиталната манипулација за лажење на народот.

Во оваа ситуација, Кајли Џенер е најлоша, ви продава сјај за усни и прави милиони, со ветување дека ќе имате полни усни како нејзините, а тие всушност се резултат на филери за усни и филтери за фотки.

Ова го оштетува умот и самодовербата на милиони девојки и млади жени кои се споредуваат со нив и на кои тие им се идоли. Стануваат безнадежни затоа што не успеваат да изгледаат како нив, немаат самодоверба и се осудуваат да прават непотребни естетски корекции на себе за да го копираат совршенството што го гледаат кај Кардашијанс.

А сега Клои јасно покажа дека сето тоа е фантазија.“

Прочитајте и И Јелена Карлеуша се најде на пик: Инстаграм vs. Реалност

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска го прифати светскиот тренд „Без веѓи“, во стилот на Ким Кардашијан и Јелена Карлеуша По Ким Кардашијан, сестрите Џиџи и Бела Хадид, Мадона и Јелена Карлеуша, Тамара ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg