Шминкерот на Ким Кардашијан открива: Како да ги зголемите усните само со шминка, без филери?

Марио Дедивановиќ со години е шминкер и пријател на Ким Кардашијан, а во 2020-та година ја лансираше првата линија производи под негово име, а според него, тајната во зголемените, полни усни не лежи само во филерите - кои се неговите трикови?

kako-da-gi-zgolemite-usnite-prirodno-so-sminka-otkriva-sminkerot-na-kim-kardashian-1.jpg

Во неговите мејкап трикови се колнат и сестрите Кардашијан.

Ова се неговите совети:

За да постигнете природен изглед, а сепак да ги пополните усните, само ќе ви треба моливче и мала четка.

Најпрво, треба да ја исцртате горната усна на средина, каде што се спојува. Тука смее да си дозволите излегување од природните линии на усната. На овој начин, инстантно ги поткревате.

kako-da-gi-zgolemite-usnite-prirodno-so-sminka-otkriva-sminkerot-na-kim-kardashian-2.jpg

Сепак, како што ќе се наближувате кон аглите на устата, треба да останете што поблиску до линијата на усните.

При целиот процес, не треба моливчето да го нанесувате со големо притискање.

Следно, преминете на долната усна и исто така почнете од средината, па кон краевите.

kako-da-gi-zgolemite-usnite-prirodno-so-sminka-otkriva-sminkerot-na-kim-kardashian-3.jpg

Ако случајно претерате, не почнувајте од почеток. Марио советува сите корекции да ги направите со мала четкичка и течна пудра, доколку има потреба.

Нанесувањето на пудра околу усните исто така го нагласува ефектот.

Ова е видеото од техниката која Марио ја сподели на Инстаграм (исцртувањето на усните почнува од 1:44 минута):

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
5 грешки со кармин кои ви додаваат години Не правите пилинг на усните, ја игнорирате бојата на вашата кожа и претерувате с...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава