Кога треба да направите спермограм и што покажува оваа анализа?

Спермограмот е анализа на семената течност која се прави кога мажот се соочува со неплодност, но и по вазектомија со цел да се утврди дали зафатот бил успешен. Што друго треба да знаете за оваа анализа?

se-borite-so-neplodnost-koga-treba-da-napravite-spermogram-i-shto-pokazhuva-ovaa-analiza-01.jpg

Со спермограмот се проверува бројот на сперматозоиди во семената течност, но и други параметри кои покажуваат дали мажот можеби има проблеми со плодноста.

Истата анализа се користи и по вазектомија, за да се утврди дали зафатот за контрацепција бил успешен.

Што треба да знаете за оваа анализа и дали можеби треба да ја направите?

Што се семена течност и сперматозоиди?

Семената течност, позната и како сперма, е течност која се исфрла од машките репродуктивни органи преку процес познат како ејакулација.

Семената течност има бела боја и содржи сперматозоиди кои сочнуваат од 2% до 5% од нејзиниот волумен.

Сперматозоидите, пак, се машки репродуктивни клетки кои се произведуваат во тестисите.

При процесот на ејакулација, сперматозоидите се ослободуваат со други течности кои ја сочинуваат семената течност.

Овие течности го олеснуваат движењето на сперматозоидите, но и создаваат поволна околина за нив.

Сперматозоидите се составени од глава и опашка. Во главата се наоѓа генетскиот материјал со кој се оплодува женската јајце-клетка, додека опашката помага во „пливањето“ на сперматозоидите до јајце-клетката.

se-borite-so-neplodnost-koga-treba-da-napravite-spermogram-i-shto-pokazhuva-ovaa-analiza-02.jpg

Што е спермограм и кога се прави?

Спермограмот е анализа на семената течност и обично се прави во два случаја.

Анализата се прави доколку постои веројатност мажот да има проблеми со плодност, како и по вазектомија.

Вазектомија е операција на машкиот репродуктивен систем за контрацепција, а со помош на спермограм се утврдува дали во семената течност има присуство на сперматозоиди.

Кога станува збор за плодност, тестот обично се препорачува доколку мажот и партнерката безуспешно се обидуваат да добијат дете подолго од 12 месеци.

se-borite-so-neplodnost-koga-treba-da-napravite-spermogram-i-shto-pokazhuva-ovaa-analiza-03.jpg

Како изгледа тестот?

Пред да се направи тестот, лекарот ќе ви препорача да се воздржувате од ејакулација во период од два до седум дена. Ова значи дека треба да се избегнува мастурбација и сексуален однос.

Причината за оваа забрана е зголемувањето на бројот на сперматозоиди, со што ќе се добијат поточни резултати од анализата.

Потоа треба да доставите примерок од вашата семена течност.

Најверојатно ќе бидете советувани да уринирате и темелно да ги измиете рацете и половиот орган пред да го оставите примерокот за да се намали ризикот од разнесување бактерии.

Препорачливо е и да не користите лубриканти додека го давате примерокот бидејќи некогаш може да има влијание врз сперматозоидите и резултатите од анализата.

Сосема возможно е и да треба да дадете неколку примероци бидејќи квалитетот на семената течност варира од ден во ден.

Генерално, вашиот лекар ќе ви даде детални инструкции кои треба да ги следите.

se-borite-so-neplodnost-koga-treba-da-napravite-spermogram-i-shto-pokazhuva-ovaa-analiza-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg