Најчестите причини за еректилна дисфункција, според експерти

Еректилната дисфункција е честа појава која може да биде предизвикана од разни фактори - од проблеми со психичкото здравје, до возраст.

najchestite-prichini-za-erektilna-disfunkcija-spored-eksperti-01.jpg

Еректилната дисфункција е неможност да се постигне или одржи ерекција доволна за сексуална активност. Додека повремените тешкотии со ерекцијата се нормални, постојаните или повторливи проблеми може да укажуваат на некаков проблем.

Според Mayo Clinic, најголемите причини за еректилна дисфункција вклучуваат кардиоваскуларни болести, дијабетес, алкохолизам, одредени медицински третмани, психолошки состојби и одредени лекови.

Многу фактори можат да придонесат за развој на еректилна дисфункција.

Дел од најчестите причини што ги идентификуваат експертите:

Физички здравствени состојби

Бројни физички здравствени состојби можат да придонесат за еректилна дисфункција.

Тие вклучуваат кардиоваскуларни болести (како хипертензија и атеросклероза), дијабетес, дебелина, хормонална нерамнотежа (ниски нивоа на тестостерон), невролошки нарушувања (мултипла склероза, Паркинсонова болест) и хронично заболување на бубрезите.

Психолошки фактори

Психолошките фактори играат значајна улога во еректилната дисфункција.

Стресот, анксиозноста, депресијата и другите ментални здравствени состојби може да го попречат сексуалното возбудување и перформансот.

Загиженоста околу секусалниот перформанс, проблемите во врската и негативната слика за телото, исто така можат да придонесат за еректилна дисфункција.

najchestite-prichini-za-erektilna-disfunkcija-spored-eksperti-02.jpg

Начин на живот

Одредени животни навики можат да го зголемат ризикот од појава на еректилна дисфункција.

Пушењето, прекумерното консумирање алкохол и користењето дрога (вклучувајќи рекреативни дроги и некои лекови) можат да имаат негативно влијание врз еректилната функција.

Лекови

Различни лекови се поврзани со еректилната дисфункција како несакан ефект. Овде спаѓаат лекови за висок крвен притисок, антидепресиви, антипсихотици, хормонални терапии и некои третмани за рак на простата.

Ако се сомневате дека некој лек ви предизвикува проблеми со ерекцијата, консултирајте се со вашиот лекар за можни алтернативи.

najchestite-prichini-za-erektilna-disfunkcija-spored-eksperti-03.jpg

Стареење

Како што стареат мажите, се зголемува ризикот од еректилна дисфункција.

Стареењето води до природни физиолошки промени во телото, вклучувајќи намален проток на крв во пенисот и намалено производство на хормони, што може да придонесе за потешкотии во постигнувањето или одржувањето на ерекција.

Повреда или операција

Повреда на карличната област, 'рбетниот мозок или пенисот може да влијае на нервните сигнали или протокот на крв неопходни за ерекција.

Операциите на простата, мочен меур или ректум, исто така, можат да ги оштетат нервите и крвните садови, што доведува до еректилна дисфункција.

najchestite-prichini-za-erektilna-disfunkcija-spored-eksperti-04.jpg

Васкуларни проблеми

Еректилната дисфункција може да биде ран показател за некои васкуларни проблеми.

Состојбите како што се атеросклероза, висок холестерол и висок крвен притисок можат да го попречат протокот на крв во пенисот, што го отежнува постигнувањето ерекција.

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg