Дуњите како лек

dunjite-kako-lek-povekjeМногумина кога ќе се спомене дуњата помислуваат на добра ракија од дуњи, а не се свесни колку е лековита дуњата и колку се здрави не само...


...нејзиниот плод туку и семките, сокот, слаткото, компотот или чајот од дуњи.

Стеблото на дуњата наликува на стеблото од јаболкото, има височина од 5 до 7 метри, а може да биде и во облик на грмушка. Листовите се слични како кај јаболкото, а цветовите се големи со светлоцрвена боја. Цвета во мај и јуни, а плодовите се зрели кон крајот на есента.

dunjite-kako-lek

Поради своите лековити својства, дуњата е позната одамна во митологијата и во народните преданија како симбол на љубов, среќа, плодност, памет, убавина, постојаност...

Лековит е плодот, листот и семето. Доколку дуњата не е прскана со хемикалии, може да се користи и нејзината кора за подготовка на лековит чај.

Облогите од дуња (плод, кора, лист...) се користат за лечење на: отворени рани, изгореници, испукана кожа или брадавици.

Состојките од дуња се користат и во козметиката.

Лековити состојки

Плодот на дуњата ги содржи следните корисни состојки: амигдалин, бакар, растителни влакна, растителни маснотии, биофлавоноиди, витамини Б2, Б3 и Б6, витамин Ц, железо, јаболкова киселина, калиум, манган, натриум, пектин, протеини, танин, етерични масла, цинк шеќери (разни видови).

Лековито дејство

Дуњата треба да се користи како лек, или како помошно лековито средство кога се во прашање следните болести и тегоби: акни, анемија, болести на грлото и носот (крајници), бронхитис, грчеви во желудник, грип и настинка, дијареа, егзема, лош здив, инфекции на кожата, зајакнување на имунитетот, кашлица, нервоза, несоница, изгореници, проблеми со желудникот и органите за варење, проблеми со кожни болести, разни инфекции, воспаление на органите за дишење, го забрзува зараснувањето на раните.

Затоа ви советуваме во својата исхрана да ја додадете дуњата како овошје, десерт или почесто да користите производи од дуња, особено како додаток во исхраната на децата.

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева? Таканареченото звучно загадување се однесува на постојаната врева која е најприс...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Суптилни симптоми на рак на јајници (кој се лекува многу полесно ако е рано детектиран) Крвавењето меѓу менструации и по менопауза обично е знак за некаков проблем, а н...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg