Ниско ниво на тестостерон: Кои се најчестите симптоми и може ли да се спречи?

Дел од најчестите симптоми кои се јавуваат кај машки деца пред и за време на пубертет се:

  • Забавено растење во висина
  • Забавен раст на срамни влакна
  • Забавен раст на полови органи
  • Помала физичка сила и издржливост од нормалата

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-06.jpg

Како се дијагностицира ниското ниво на тестостерон и постојат ли третмани?

Многу од симптомите што се јавуваат кај лица со ниско ниво на тестостерон можат да бидат причинети и од други проблеми.

Затоа, ако ги забележите, важно е да одите на лекар за да добиете соодветна дијагноза.

За да ве дијагностицира, вашиот лекар ќе ве праша за симптомите, вклучувајќи и за вашата медицинска историја.

Најверојатно ќе ви биде направена и крвна слика преку чии параметри лекарот ќе може да утврди дали сè е во ред.

Можно е да ви бидат направени и други тестови, како магнетна резонанца, тестирање на нивото на одредени хормони и слично.

За третман, генерално се користи терапија со тестостерон, која може да се прима во неколку форми.

Постојат гелови со тестостерон кои се мачкаат на кожата, инјекции со тестостерон, апчиња со тестостерон…

Сепак, не секој маж може да прима терапија со тестостерон. Ако, на пример, сте имале рак на простата или сериозни проблеми со срцето, терапијата за тестостерон може да биде ризична.

Доколу имате ниско ниво на тестостерон, вашиот лекар најдобро знае која терапија ќе биде соодветна за вас.

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-07.jpg

Кои се несаканите дејства од терапијата со тестостерон?

Доколу треба да примате терапија со тестостерон, вашиот лекар ќе ви каже и за несаканите ефекти.

Дел од најчестите се:

  • Акни или мрсна кожа
  • Отоци на глуждовите
  • Проблеми при уринирање
  • Иритација на кожата (ако користите гел или крем со тестостерон)

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-08.jpg

Како се одржува оптимално ниво на тестостерон?

За жал, не постои магичен трик со кој можете да го спречите ниското ниво на тестостерон.

Експертите сè уште не знаат како може да се спречи оваа појава ако е генетска или потекнува од оштетување на тестисите или хипофизата.

Сепак, постојат неколку препораки што можеби ќе ви помогнат не само да го одржите нивото на тестостерон оптимално, туку и да го подобрите целокупното здравје.

Овде спаѓаат:

  • Здрава исхрана
  • Физичка активност
  • Контролирање на телесната тежина
  • Умереност со алкохол

nisko-nivo-na-testosteron-koi-se-najchestite-simptomi-i-mozhe-li-da-se-sprechi-009.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg