Дали сте хипохондрици и ги „имате“ сите болести на светов + Како се третира оваа состојба?

Кога да побарате помош од лекар и може ли да се излечи?

Ако ги забележувате симптомите што ги спомнавме, препорачливо е да одите на лекар.

Доколку лекарот не утврди дека навистина имате здравствен проблем, споделете ги вашите грижи за да може да ви препорача психијатар или психолог.

Експертот за ментално здравје ќе се обиде да открие од каде потекнува вашата хипохондрија, со цел да се реши тој проблем.

Можно е да ви препише и лекови кои ја намалуваат анксиозноста.

Исто така, можно е да добиете препораки за промени во секојдневието кои го намалуваат стресот, како вежбање, квалитетен сон и здрава исхрана.

Важно е да знаете дека лекувањето на хипохондријата нема да се случи преку ноќ. Ќе биде потребно време, како и труд од ваша страна.

Со трпеливост и примање соодветна терапија доколку е потребна, можете да се ослободите од лошите мисли што ги предизвикува хипохондријата.

kako-da-poznaete-dali-imate-hipohondrija-i-dali-se-lekuva-06.jpg

Постојат ли компликации кои можат да настанат?

Доколу не побарате професионална помош за вашата хипохондрија, може да настанат некои компликации.

Овде спаѓаат:

  • Нарушен однос со саканите – претераното грижење за вашето здравје може да биде фрустрирачко за другите
  • Проблеми на работа, доколку отсуствувате често поради стравот дека ќе се разболите
  • Неможност за извршување на секојдневните обврски
  • Финансиски проблеми доколку трошите многу пари на лекари и лекарства
  • Развивање друг проблем со менталното здравје, како депресија.

kako-da-poznaete-dali-imate-hipohondrija-i-dali-se-lekuva-04.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg