Дали сте хипохондрици и ги „имате“ сите болести на светов + Како се третира оваа состојба?

Претераната грижа за здравјето без причина, до тој степен што предизвикува анксиозност, е позната како хипохондрија. Ова е вид анксиозно нарушување и доколку сметате дека го имате, треба да се консултирате со експерт бидејќи со соодветна терапија и некои животни промени, можете да го надминете.

kako-da-poznaete-dali-imate-hipohondrija-i-dali-se-lekuva-01.jpg

Сосема нормално е луѓето одвреме-навреме да се загрижени за своето здравје.

Во пандемија, во сезона на настинки или во моментот кога ќе почувствуваме некаков симптом, логично е дека ќе бидеме загрижени за нашето здравје.

Но, кога луѓето се постојано загрижени дека ќе се разболат, дури и кога немаат симптоми или не се изложени на никаков ризик, тогаш се соочуваат со состојба позната како хипохондрија.

Хипохондријата е вид анксиозно нарушување бидејќи предизвикува нереален страв од некаков здравствен проблем.

Некои луѓе со хипохондрија имаат медицинска состојба, па се грижат дека може да им се влоши. Постојат и здрави луѓе со хипохондрија, кои чувствуваат огромен страв за нивното здравје во иднина.

Кои се симптомите на хипохондрија?

Генерално, главниот симптом на хипохондрија е претерана грижа за здравјето.

Другите симптоми вклучуваат:

  • Постојани мисли дека ќе добиете сериозна болест
  • Претерана грижа и за најмали симптоми, како обична кашлица
  • Неможност да се уверите дека сте во ред по посета на лекар
  • Грижи за здравјето кои ви го попречуваат секојдневното функционирање
  • Постојано проверување дали имате симптоми за некоја болест
  • Често одење на лекар или избегнување на одењето на лекар од страв дека ќе бидете дијагностицирани со сериозна болест
  • Избегнување места, луѓе и активности бидејќи стравувате за здравјето
  • Постојано зборување за здравјето и можноста да се разболите
  • Опсесивно читање (на интернет, книги и слично) за симптоми и за разни болести

kako-da-poznaete-dali-imate-hipohondrija-i-dali-se-lekuva-03.jpg

Зошто се јавува хипохондријата и кои се ризичните фактори?

За жал, не е познато зошто се појавува хипохондријата.

Но, постојат некои ризични фактори како:

  • Стресен период во животот
  • Трауми од детството
  • Сериозна болест во детството или сериозна болест кај родител/старател
  • Лични карактеристики, како луѓе кои генерално страдаат од анксиозност и слично

kako-da-poznaete-dali-imate-hipohondrija-i-dali-se-lekuva-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg