Сѐ за миомите на матката - Mоже ли да се претворат во карцином и дали влијаат врз бременоста?

Колку се опасни миомите?

Иако миомите генерално не се опасни, ниту се поврзани со ризикот од развој на канцер на кој било репродуктивен орган, тие можат да доведат до одредени непријатности и компликации.

Пред сè, тие можат да предизвикаат намален број на еритроцити во крвта (анемија), што предизвикува замор и малаксаност.

Исто така, понекогаш може да ѝ отежнат на жената да забремени и да бидат причина за сериозни компликации за време на бременоста.

Миомите многу ретко пукаат сами.

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-03.jpg

Симптоми кои укажуваат дека имате миоми на матката

Една од три жени чувствуваат симптоми, а останатите немаат никакви симптоми.

Симптомите може да вклучуваат:

- Тешки или болни менструални циклуси;

- Болки во стомакот;

- Болка во долниот дел на грбот;

- Зачестена потреба за мокрење;

- Тешкотии при мокрење;

- Запек;

- Болка или непријатност за време на сексуален однос.

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-06.jpg

Влијанието на миомите врз бременоста

Миомите обично не предизвикуваат проблеми при зачнување.

Сепак, одредени видови на миоми, како што се субмукозните може да предизвикаат неплодност.

Затоа, ефектот врз плодноста зависи од локацијата и големината на миомот, како и од симптомите. Миомите може да го спречат вгнездувањето на ембрионот.

Имплантацијата на ембрионот може да се спречи и од поголемите миоми, односно оние над 4 сантиметри, кои што се лоцирани во ткивото на матката.

Некои миоми може да ги блокираат јајцеводите, што исто така може да предизвика неплодност.

Кај повеќето жени кои имаат миом на матка, бременоста поминува добро.

Сепак, можни се компликации и може да се одразат на потребата за породување со царски рез, бебето може да остане во карлична положба пред породувањето како и застој на бременоста.

Посериозните компликации може да предизвикаат и предвремено породување.

Затоа, експертите советуваат субмукозните миоми да се оперираат пред да се забремени.

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-05.jpg

Дијагноза и лечење на миомите

Миомите најчесто се откриваат со ултразвук. 

Тоа е најлесниот начин да се испита матката, а миомите обично лесно се гледаат.

На ултразвучниот преглед може да му претходи лекарски преглед - докторот кој ќе ја почувствува зголемената матка и ќе се посомнева за присуство на миоми.

Малите миоми понекогаш може да се откријат само со ултразвук.

Лекување не е потребно доколку жените немаат никакви симптоми и миомите не предизвикуваат компликации.

Типот на терапија зависи од симптомите, локацијата, големината на миомот, како и од планирањето на бременоста.

Терапијата може да вклучува:

- Хормонални лекови кои ги намалуваат миомите (агонисти на GnRh, антагонисти на прогестерон);

- Хируршки третман (лапароскопија, хистероскопија, емболизација).

Повеќето експерти веруваат дека најголемиот миом што може да се оперира лапароскопски е со дијаметар од околу 9 до 10 сантиметри.

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-07_copy.jpg

Дали миомите можат сами да се излечат?

Се смета дека миомите растат под влијание на естроген.

Тие можат да бидат со различни големини и да растат со различна брзина, зависно од жена до жена. 

Понекогаш брзо растат и симптомите се сѐ потешки, додека некои жени дури и не забележуваат никакви симптоми или симптомите исчезнуваат сами со текот на времето.

Се смета дека здравата и балансирана исхрана може да го забави растот на миомите и да ги намали симптомите.

Бидејќи повеќето миоми престануваат да растат, па дури и се намалуваат додека жената се приближува до менопауза, докторот може да предложи да се чека за операција. 

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-02.jpg

Бременост по операција на миоми

Повеќето експерти советуваат да се почека најмалку 3 месеци по операцијата на миоми пред да се забремени.

Во меѓувреме, лекарот ќе проверува како напредува закрепнувањето со проверка на дебелината на ендометриумот на матката - дебелината од 10 милиметри се смета за нормална дебелина за бременост.

Тој ќе ја провери и проодноста на јајцеводите, за да се увери дека нема механички пречки во движењето на сперматозоидите и оплодената јајце клетка.

Бременоста по операција на миоми понекогаш е можна само преку ин витро оплодување

Дали лекарот ќе препорача природни обиди или ин витро оплодување зависи од повеќе фактори, како што се бројот на оперирани миоми, возраста на жената, периодот на лекување на неплодноста и слично.

Ин витро обично се препорачува 6 месеци по операцијата.

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg