Сѐ за миомите на матката - Mоже ли да се претворат во карцином и дали влијаат врз бременоста?

Миомите може да ја зголемат матката и до 10 пати, а во исто време може да имате и повеќе од еден миом. Дали може да се претворат во рак, дали влијаат врз бременоста, како се лекуваат и дали миомите може да поминат сами од себе?

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-01.jpg

Миомите се бенигни израстоци на или околу матката.

Станува збор за ткиво кое е составено од мускулни ткива и влакна, а нивната големина може да варира.

Многу жени развиваат миоми на матката пред 50-тата година од животот.

Меѓутоа, ако немаат симптоми, некои не се ни свесни дека ги имаат.

Миомите најчесто се откриваат при рутински гинеколошки прегледи.

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-09.jpg

Што се миоми на матка и зошто се јавуваат?

Миомите се бенигни израстоци на матката кои често се јавуваат за време на репродуктивниот период. 

Станува збор за фибридно ткиво кое во никој случај не е поврзано со зголемениот ризик од рак на матката и речиси никогаш не преминуваат во рак.

Исклучително ретко се случува миомот да претрпи промени кои ќе го трансформираат во канцероген или малигнен тумор.

Всушност, една од 350 жени равива малигнитет.

Овие ткива се различни по големина, почнувајќи од најситни, невидливи со голо око, до крупни маси кои можат да ја зголемат матката до 10 пати.

Исто така, можно е да имате еден или повеќе миоми на матката.

Миомите може да се појават на неколку места во матката:

  • Тие може да се појават во внатрешноста на ѕидот на матката (во самото ткиво) и се нарекуваат интрамурални миоми
  • Може да пораснат и во шуплината на матката, тие се нарекуваат субмукозни
  • Оние што ќе се појават на надворешниот ѕид на матката се нарекуваат субсерозни, а некои може да имаат стебленце кое е прикачено на внатрешниот или надворешниот ѕид на матката и тие се нарекуваат педункулирни миоми.

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-20.jpg

Вистинската причина за појавата на миомите не е целосно позната.

Се смета дека тие се поврзани со лачењето на хормонот естроген.

Токму затоа и се појавуваат во репродуктивната возраст на жената (од 16 до 50 години) - тогаш нивото на овој хормон е највисоко.

Можно е и тие да се намалат по менопаузата, поради намалувањето на нивото на хормони.

Досегашните истражувања покажаа дека поголем ризик за појава на миоми на матка имаат:

  • Жените со африканско потекло;
  • Жените со покачена телесна тежина;
  • Жените кои имаат генетски предиспозиции за развој на миоми;
  • Жени кои добиле менструацијата доста рано;
  • Жени кои користат апчиња за контрацепција;
  • Жени со дефицит на витамин Д;
  • Жени кои консумираат многу црвено месо, алкохол и кофеин.

se-za-miomite-na-matkata-moze-li-da-se-pretvorat-vo-karcinom-i-dali-vlijaat-vrz-bremenosta-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg