Без овој витамин нема здрави нерви

bez-ovoj-vitamin-nema-zdravi-nervi-povekjeПиридоксин или Витамин Б6  е неопходен за синтеза на речиси сите невротрансмитери – хемиски супстанци кои имаат улога на средство за...


...комуникација помеѓу нервните клетки.

Дали јадете намирници кои го содржат Витаминот Б6?

bez-ovoj-vitamin-nema-zdravi-nervi

Недостатокот на витамин Б6  предизвикува умор, нервоза, осетливост, депресија, несоница и отежнато одење. Освен тоа со овој недостаток се поврзани и вртоглавиците, невритисот, невралгии и синдромот на карпален тунел.

Долготрајната употреба на лекови кои што содржат fenitoin или succinimide може да го намали нивото на пиридоксин во крвта.

Антидепресивите, некои лекови против рак, оралната контрацепција како и лековите против туберкулоза исто така можат да го намалат нивото на витамин Б6 .

Затоа, пред да се земаат лекови треба да се консултира лекар дали тој лек делува на нивото на некои важни хранливи состојки во организмот.

За лечење на дефицитот на витамин Б6 луѓето често пати земаат додатоци во исхраната, но при тоа мора да се внимава да не се претера бидејќи и предозирањето може да доведе до губење на помнењето.

Храна богата со витамин Б6:

Месо, риба, компири, банани, грав, грашак, леќа, соја.

При тоа имајте на ум дека сите витамини од Б комплексот се важни за одржување на здрав мозок и здрави нерви!

Би можело да ве интересира:

Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Физички симптоми и проблеми кои (најчесто) се последица од хроничен стрес Паѓањето на косата, нередовните менструации и проблемите со стомакот можат да би...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“ „Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да вним...
Помалку познати симптоми на рак на дојка што е добро да ги знаете Ако забележувате исцедок од брадавиците, а не доите и не сте бремени, тогаш конс...
Првпат во Македонија испечатен 3Д имплант за нос - пациентот го загубил носот од малигна болест Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg