Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката?
Како да се справите со афтите?
Кога станува збор за афти, единствено треба да бидете трпеливи и во иднина да ги избегнувате работите што ви ги предизвикуваат.
Сепак, постојат некои работи кои можат да ви помогнат да ги ублажите симптомите:
Облога од вреќичка чај
Накиснете вреќичка чај од камилица во топла вода, почекајте да се излади, па држете ја десетина минути на афтата.
Камилицата има антивоспалителни и антисептички својства кои можат да ги намалат болката и непријатноста.
Мед
Медот има антибактериски и антивоспалителни својства, па исто како чајот од камилица, може да ги ублажи симптомите.
Доволно е да ставите малку мед директно на афтата.
Исплакнете ја устата со солена вода
Солениот раствор на некој начин ја дезинфицира устата и со тоа може да ги ублажи симптомите на афтите.
Измешајте една лажичка сол во чаша топла вода, плакнете ја устата 20-тина секунди, па плукнете.
Алое вера
Ова растение не е погодно сами за изгореници од сонце, туку може да ги ублажи и симптомите на афтите.
Слично како медот, само нанесете мало количество директно на афтата. Притоа, осигурете се дека користите потполно природен гел од алое вера.
Сменете ја пастата за заби
На некои луѓе им се појавуваат афти поради состојките во пастата за заби што ја користат.
Па, ако не наоѓате друга причина за афтите, пробајте да користите друга паста за заби.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





