Цисти на јајници: Кои се симптомите, дали се опасни и кога да се јавите на лекар

Повеќето цисти на јајниците се формираат како резултат на вашиот менструален циклус. Овие се нарекуваат функционални цисти. Другите видови на цисти се многу поретки.

cisti-na-jajnici-koi-se-simptomite-dali-se-opasni-i-koga-da-se-javite-na-lekar-01.jpg

Цистите на јајниците се многу често гинеколошко заболување и тие претставуваат кесички, обично исполнети со течност, во јајниците или на нивната површина.

Цистите се безопасни, а кога се присутни жената или има мала или никаква непријатност. Повеќето цисти исчезнуваат без третман во рок од неколку месеци.

Но, понекогаш цистите на јајниците може да се искриват или да се отворат (руптура). Ова може да предизвика сериозни компликации.

За да го заштитите вашето здравје, редовно правете прегледи и прашајте за симптомите кои може да ви сигнализираат дека е присутен сериозен проблем.

cisti-na-jajnici-koi-se-simptomite-dali-se-opasni-i-koga-da-se-javite-na-lekar-02.jpg

Симптоми на цисти на јајници

Како што беше споменато, повеќето цисти на јајниците не предизвикуваат никакви симптоми и исчезнуваат сами од себе.

Но, големата циста на јајниците може да ги предизвика следниве симптоми:

  • Болка во карлицата, која може да се појавува и да исчезнува. Може да чувствувате досадна или остра болка во пределот под папокот кон едната страна.
  • Чувство на полн стомак, притисок или тежина во стомакот.
  • Надуеност

Веднаш обратете се на лекар ако:

  • Имате ненадејна, силна абдоминална или карлична болка.
  • Болка придружена со треска и повраќање.
  • Знаци на шок. Тие вклучуваат ладна кожа, брзо дишење и зашеметеност или слабост.

cisti-na-jajnici-koi-se-simptomite-dali-se-opasni-i-koga-da-se-javite-na-lekar-03.jpg

Причини за создавање цисти

Повеќето цисти на јајниците се формираат како резултат на вашиот менструален циклус. Овие се нарекуваат функционални цисти. Другите видови на цисти се многу поретки.

Функционалните цисти најчесто се безопасни и исчезнуваат сами по себе во рок од 2 до 3 менструални циклуси.

Освен овие, постојат и други видови цисти кои не се поврзани со менструалниот циклус:

Дермоидна циста. Овие видови цисти може да содржат ткива како коса, кожа или заби и ретко се канцерогени.

Цистаденом. Овој вид циста се развива од клетките на површината на јајниците и може да биде исполнета со водена или мукозна содржина. Цистаденомот може да порасне многу голем.

Ендометриом. Овој вид цисти се јавуваат како резултат на ендометриоза, состојба која предизвикува клетките што ја обложуваат внатрешноста на матката, да растат надвор од неа. Дел од ткивото може да се закачи на јајниците и да формира циста.

cisti-na-jajnici-koi-se-simptomite-dali-se-opasni-i-koga-da-se-javite-na-lekar-04.jpg

Ризик фактори за појава на цисти

Ризикот за појава на цисти на јајниците е поголем кога:

  • Личноста има хормонални проблеми
  • Бременост
  • Ендометриоза
  • Тешка карлична инфекција
  • Претходни цисти на јајниците

Компликации од цисти на јајниците

Компликациите од цисти на јајниците не се честа појава, но тие вклучуваат:

Торзија на јајниците. Цистите кои стануваат големи, може да предизвикаат движење на јајниците, а ова ја зголемува можноста за болно извртување на јајниците (торзија).

Ако тоа се случи, може да имате ненадејна силна карлична болка, гадење и повраќање. Извртувањето на јајниците исто така може да го намали или запре протокот на крв во јајниците.

Руптура на циста. Цистата која пука може да предизвика силна болка и крвавење. Колку е поголема цистата, толку е поголем ризикот од руптура. Вагиналниот секс исто така го зголемува ризикот од руптура.

cisti-na-jajnici-koi-se-simptomite-dali-se-opasni-i-koga-da-se-javite-na-lekar-05.jpg

Третман на цисти

Повеќето цисти на јајници се бенигни и природно исчезнуваат сами по себе, без третман. Тие (понекогаш) предизвикуваат мали симптоми.

Домашни лекови препишани од лекарот може да помогнат во олеснување на симптомите. Но, ако е неопходен третман, видот на третманот ќе зависи од видот на цистата.

Некои поголеми цисти, ендометроми или канцерогени, треба да се отстранат хируршки.

Опциите за операција вклучуваат:

Лапароскопија. Лекарот врши лапароскопија со тоа што прави неколку ситни засеци во близина на папокот и вметнува мал инструмент во стомакот, со цел да ја отстрани цистата.

Лапаротомија. Во оваа процедура, лекарот може хируршки да ја отстрани цистата преку голем засек во стомакот. Ако лекарот се сомнева на канцер, може да направи биопсија.

cisti-na-jajnici-koi-se-simptomite-dali-se-opasni-i-koga-da-se-javite-na-lekar-06.jpg

Превенција

Не постои начин за да се спречат повеќето цисти на јајниците. Но, редовните прегледи помагаат што побрзо да се дијагностицираат промените во вашите јајници.

Бидете внимателни ако забележите промени во вашиот месечен циклус. Забележете ги невообичаените менструални симптоми, особено оние кои траат повеќе од неколку циклуси.

За секоја грижа и двоумење, разговарајте со вашиот лекар! Имајте предвид дека раното дијагностицирање е од клучно значење за вашето здравје!

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg