Храна за добар сон

hrana-za-dobar-son-povekjeСите знаеме што треба да земеме ако не сакаме да заспиеме, па се фрламе на кафе, други кофеински пијалоци, алкохол и шеќери. Но, за луѓето...


...кои имаат проблем со несоницата не е доволно да ги избегнуваат овие производи.

Добрата вест е дека наместо апчиња, постојат и видови храна кои на природен начин ќе ви посакаат добра ноќ...

Доколку имате проблем со заспивањето никако не смеете да внесете обилен оброк навечер, па најдобро е да јадете барем час и половина пред да си легнете. 

Храната има силно влијание на состојбата на организмот, а амино киселината триптофан го поттикнува хормонот серотонин со чија помош се развива регулаторот на спиењето, мелатонин.

Затоа треба да се избере:


Чај од камилица

hrana-za-dobar-son-1

Смирувачкото дејство на оваа билка ќе ви помогне со дигестивните проблеми, грчеви и моментални болки. Ги смирува вознемирените нерви, а како природен релаксатор и седатив е одлично решение и за несоница.


Топло млеко

hrana-za-dobar-son-2

Калциумот му овозможува на организмот да апсорбира уште една состојка на млекото, аминокиселината триптофан која има смирувачко дејство. А ако шолја топло млеко ве асоцира на безгрижното заспивање од детството сигурно нема да имате проблем да потонете во сон.


Банани

hrana-za-dobar-son-3

Магнезиумот од бананите е релаксатор на мускулите, што во комбинација со мелатонинот и серотонинот гарантираат побрзо заспивање.


Мед

hrana-za-dobar-son-4

Иако големо количество шеќер ве држи будни, гликозата од медот има обратно дејство. Медот позитивно влијае како превенција и лек за многу болести, па неговите својства дефинитивно ќе ја смират напнатоста која не ви дава да заспиете.


Компир

hrana-za-dobar-son-5

Печениот компир поттикнува производство на инсулин со што се ослободува триптофан, кој пак создава серотонин кој ве смирува и ви помага да заспиете.


Овес (овесни производи)

hrana-za-dobar-son-6

Овесот е богат извор на мелатонин, па мала порција овесни снегулки со топло млеко е идеалната вечера за полесно заспивање.


Бадеми

hrana-za-dobar-son-7

Со оглед на тоа дека содржат магнезиум и триптофан, неколку бадеми пред легнување ќе ги релаксираат мускулите и ќе ви помогнат да заспиете.

Би можело да ве интересира:

Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...
Дали хималајската сол е поздрава од готварската (и дали навистина има и до 84 минерали)? Изминативе неколку години, хималајската сол стана мошне популарна, најмногу биде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg