Трикови за подобра меморија

trikovi-za-podobra-memorija-povekjeАко имате проблем да запомните нечие име, ако често се прашувате каде ви се клучевите, ако не успевате да се сетите што требаше да направите...


...денес, продолжете да читате...


Заборавање имиња

Истражувањата покажаа дека нечие име се помни многу потешко од нечија професија, хоби или место на живеење. Најдобро е да внимавате кога некој се претставува, потоа замислете како го пишувате тоа име и обидете се да го поврзете со друга личност која има исто или слично име.

trikovi-za-podobra-memorija-1

Ако запознавате многу луѓе во текот на работниот ден,  запишувајте си детали за нив на нивните визит картички (носи очила, многу висок, има пеги...) и веднаш ќе се сетите за кого точно станува збор.
Кога заборавате некој збор, име на филм или нешто слично, почнете да ја кажувате азбуката во себе, кога ќе дојдете до буквата на која почнува зборот веројатно ќе се сетите.


Заборавање на обврските

Ако често низ глава ви прелетува прашањето "Што ли требаше да направам?" почнете да си оставате потсетници - ливчиња на фрижидерот, аларм на мобилниот или едноставно ставете ги работите пред очи.

trikovi-za-podobra-memorija-2

Ако наскоро треба да ги платите сметките оставете ги на маса, ако треба да купите подарок оставете украсна ќесичка во дневна и слично.


Заборавате каде сте ги оставиле работите

Ако веќе сте свесни дека имате проблем со заборавањето следниот пат кога ќе ги оставате клучевите кажете си го тоа во себе - "Ги ставам клучевите во ташна", "Ги оставам очилата на маса во дневна" и слично. Ова ќе ви помогне да ја задржите јасната слика за локацијата на вашите работи.

trikovi-za-podobra-memorija-3

Друг начин е да ставите мала корпа или било каков сад во дневна или во ходник. Таму ставајте ги сите работи кои често ги користите, а вообичаено ги губите низ дома, како очила, мобилен, клучеви, новчаник...

Ако имате проблем со заборавање на некоја конкретна работа, одреден збор, дел од говор или слично, пишувајте го, читајте го, подвлекувајте со пенкала во боја, повторно читајте, обидете се да го потпевнете и ќе ви се залепи како тукушто слушнат заразен рефрен.

Би можело да ве интересира:

Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...
Која е разликата помеѓу испукани капилари и проширени вени и дали се опасни? Иако изгледаат слично, испуканите капилари и проширените вени се различни појави...
11 рани знаци за деменција (кои може да ви бидат сигнал за црвена тревога) Тешкотии при избирање зборови, летаргија, како и сериозни проблеми со концентрац...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg