Што да јадете пред, за време и по вежбањето?

sto-da-jadete-pred-za-vreme-i-po-vezbanjeto-povekjeДали од вашето вежбање ќе има резултат зависи и од тоа што јадете пред и по тренингот. Нутриционистите тврдат дека исхраната е многу важна...


...бидејќи од неа зависи и колку бргу вашето тело ќе се опорави од напорот.

Пред вежбање: Корнфлекс или банана

Пред да одите на вежбање треба да ги консумирате оние намирници кои лесно се варат и кои нема да го надујат вашиот стомак. Доколку храната не е сварена пред тренингот, нема да имате доволно енергија во мускулите. Јадете намирници со ниска количина на протеини и шеќер, на пример житарици со млеко или банана. Немојте да јадете еден час пред трнингот.

sto-da-jadete-pred-za-vreme-i-po-vezbanjeto

Пред, за време и по тренингот: хидратација

Многу е важно во текот на целиот ден да внесувате доволно течности. Доколку на тренинг пиете вода само кога ќе ожедните, тоа е веќе знак дека благо сте дехидрирале. Важно е да пиете течност пред, за време и по тренингот.

По тренингот: месо и зеленчук

Половина час по тренингот би требало да консумирате храна која ќе ги закрепне вашите мускули. По тренингот не е најважно да се земат протеини, важно е оброкот да биде добро избалансиран. Оброкот треба да содржи протеини, житарици, јаглени хидрати, извор на добри масти и доволно течности. Значи најдобар оброк би бил пилешко на скара или риба, ржан леб, доволно зеленчук и ориз и цеден сок од портокал..

Би можело да ве интересира:

10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg