10 причини зошто треба да јадете јајца

10-pricini-zosto-treba-da-jadete-jajca-povekjeВелигденската маса според начинот на обработка на јајцата и традиционалните намирници е многу полесна за нашето тело во споредба со...


...божиќната трпеза. Но, ниту во овие денови не треба да се претерува со храна, туку умерено да се консумира пролетниот зеленчук, јагнешкото месо и варените јајца кои се добри за нашето здравје.

И покрај врежаните мислења дека јајцата го покачуваат нивото на холестерол во крвта, докажано е дека тие не делуваат на липидниот профил.

10-pricini-zosto-treba-da-jadete-jajca

1. Тие се добри за очите. Едно јајце дневно ја намалува можноста за појава на дегенерација на очните мускули и тоа поради антиоксидансите лутеин и зеаксантин кои ги има и во брокулата и спанаќот. Предноста на јајцето е во тоа што човековото тело од него може апсорбира повеќе корисни состојки отколку од растенијата.

2. Поради наведените антиоксиданси го намалуваат ризикот од појава на катаракта.

3. Едно јајце содржи 6 грама високо квалитетен протеин како и сите 9 есенцијални аминокиселини.

4. Според една студија на Harvard School of Public Helath не е пронајдена поврзаност помеѓу консумирањето на јајца и кардиоваскуларните заболувања. Дури едно од проверените истражувања тврди дека редовното консумирање може да помогне во спречувањето на затнувањето на крвните садови, мозочниот и срцевиот инфаркт.

5. Жолчката содржи протеин колин, кој придонесува кон здравјето на нервниот систем и мозочните клетки.

6. Поради истиот протеин се намалува ризикот од рак на дојка дури до 24%.

7. Жолчката содржи 5 грама маснотии од кои само 1,5 грама заситени масти кои се сметаат за штетни.

8. Покрај општо прифатеното мислење дека јајцата го зголемуваат нивото на холестеролот, умерената консумација од најмногу две јајца дневно не делува на липидниот профил. На холестеролот првенствено делуваат заситените, а не незаситените масти кои преовладуваат во јајцата.

9. Јајцата се еден од најдобрите извори на витамин Д кој е неопходен за апсорпција на фосфорот, втората важна состојка на коските и забите.

10. Бидејќи се богати со минерали и витамини, ги зајакнуваат ноктите и косата. Многумина забележале погуста коса и побрз раст на влакното откако исхраната ја збогатиле со јајца.

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Помалку познати симптоми на рак на дојка што е добро да ги знаете Ако забележувате исцедок од брадавиците, а не доите и не сте бремени, тогаш конс...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Која храна да ја избегнувате ако имате замастен црн дроб (и кои намирници ќе ви помогнат)? Додека зелениот лиснат зеленчук и храната со незаситени масти се добри за лица с...
6 навики со кои ќе ги регулирате хормоните (без лекови) Сончевата светлина ги активира хормоните кои имаат влијание врз расположението и...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg