Стрес, лекови: Што го покачува нивото на кортизол во организмот (и кои се симптомите)?

Стресот е најпознат причинител на покаченото ниво на кортизол во организмот, кој токму поради ова е нарекуван и стрес хормон. Но, постојат и некои здравствени проблеми, како и одредени лекови кои можат да бидат причина.

stres-lekovi-shto-go-pokachuva-nivoto-na-kortizol-vo-organizmot-i-koi-se-simptomite-01.jpg

Кортизолот е нарекуван и стрес хормон бидејќи стресот може да го зголеми неговото количество во организмот.

Повремено сите имаат зголемено ниво на кортизол во организмот бидејќи, сепак, стресот е нормална реакција на закани од потенцијална опасност.

Проблемот настанува кога во телото постојано има високо ниво на кортизол – состојба која може да биде предизвикана од хроничен стрес, но и некои здравствени проблеми.

Вие самите не можете да оцените дали имате зголемено ниво на кортизол, ниту дали причината е стрес или проблем со здравјето. Но, можете да обрнувате внимание на симптомите.

Доколку ги забележите симптомите на зголемено ниво на кортизол, најдобро е да се консултирате со лекар кој ќе може да ви даде точна дијагноза, но и терапија ако има потреба од тоа.

stres-lekovi-shto-go-pokachuva-nivoto-na-kortizol-vo-organizmot-i-koi-se-simptomite-02.JPG

Кои се симптомите на покачено ниво на кортизол во организмот?

Покачениот кортизол може да предизвика низа симптоми, зависно од тоа дали е поради стрес или некој друг проблем со здравјето.

Генерално, повеќето луѓе ги забележуваат следниве симптоми:

  • Дебелеење, особено во областа на лицето и стомакот
  • Појава на акни
  • Задебелена кожа (на пример на лактите)
  • Честа појава на модринки
  • Црвенило на лицето
  • Забавено заздравување на рани
  • Слабост
  • Замор
  • Раздразливост
  • Проблеми со концентрацијата
  • Висок крвен притисок
  • Главоболка

stres-lekovi-shto-go-pokachuva-nivoto-na-kortizol-vo-organizmot-i-koi-se-simptomite-03.jpg

Што може да го покачи нивото на кортизол?

Стрес

Изложеноста на стрес испраќа низа сигнали во телото, поради кои почнуваат да се лачат различни хормони, како адреналин и кортизол.

Кога е под стрес, телото се подготвува да се соочи со потенцијалната закана. Кортизолот ограничува некои функции во организмот кои не се неопходни во оваа ситуација, со цел телото да се подготви за потенцијална одбрана.

Штом оваа закана ќе помине, нивото на кортизол се намалува, а функциите во телото се враќаат во нормала. Но, кога сте изложени на константен стрес, кортизолот не се намалува, а со тоа и некои функции остануваат лимитирани, па се јавуваат проблеми.

stres-lekovi-shto-go-pokachuva-nivoto-na-kortizol-vo-organizmot-i-koi-se-simptomite-04.JPG

Проблеми со хипофизата и надбубрежната жлезда

Хипофизата „надгледува“ и контролира бројни телесни функции преку лачење хормони. Ако има каков било проблем со оваа жлезда, како тумор, може да предизвика лачење на повеќе или помалку хормони, како кортизол.

Надбубрежната жлезда исто така лачи хормони, вклучително и кортизол. Па, кога има проблеми со неа, како тумор, може да се јави намалено или зголемено лачење на одредени хормони.

stres-lekovi-shto-go-pokachuva-nivoto-na-kortizol-vo-organizmot-i-koi-se-simptomite-05.JPG

Несакани ефекти од одредени лекови

Лековите од класата кортикостероиди можат да предизвикаат зголемено ниво на кортизол во организмот ако се пијат во повисоки дози или на подолг период.

Доколку пиете вакви лекови и забележувате симптоми на покачено ниво на кортизол, никако немојте сами да си ја намалувате дозата бидејќи можете да си предизвикате уште посериозни проблеми.

Наместо тоа, консултирајте се со вашиот лекар кој ќе утврди дали треба да ви се промени терапијата.

stres-lekovi-shto-go-pokachuva-nivoto-na-kortizol-vo-organizmot-i-koi-se-simptomite-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава