7 причини зошто да возите ролери

7-pricini-zosto-da-vozite-roleri-povekjeВремето е одлично, па можете слободно да ги извадите ролерките од подрум. Возењето ролери е забавен и евтин начин за опуштање и исклучително...


...здрава телесна активност.

Секојдневно возење ролери придонесува за намалување на ризикот од срцеви болести, а е одлично и за физичкото и за менталното здравје.

Ова се седум причини зошто да возите ролери:

1. Дружење. Возењето ролери е рекреативен спорт идеален за дружба. Можете дури и да склопите нови пријателства, а телесната активност помага во ослободување на ендорфинот кој го подобрува расположението.

7-pricini-zosto-da-vozite-roleri-1

2. Намалување на стресот. За оние кои сакаат самостојни активности, ова е совршен начин да бидат сами со себе и своите мисли.

3. Аеробен тренинг. Возењето ролери овозможува одличен аеробен тренинг, но за разлика од трчањето, не создава притисок на зглобовите, лигаментите и тетивите. За да го зголемите интензитетот на вежбање, ролајте побрзо, користете ги и рацете и пробајте и по нагорнина.

7-pricini-zosto-da-vozite-roleri-2

4. Зајакнување на мускулите. Зајакнување на квадрицепсите, бедрата, мускулите на задникот и листовите. Мускулите на стомакот и грбот помагаат при одржување рамнотежа на телото, па затоа и тие учествуваат во вежбањето.

5. Подобрување на рамнотежата, флексибилност и координација. На почетниците им се препорачува да го држат телото исправено, а напредните да се навалат кон напред.

7-pricini-zosto-da-vozite-roleri-3

6. Согорување калории. За 1 час се согоруваат 700 до 900 калории, во зависност од полот, тежината, интензитет и брзина. Повеќе калории се согоруваат при возење ролери со поголема брзина.

7. Евтино и еколошко превозно средство. За оние кои поминуваат многу време во автомобил и на столче, ова е одлична вежба. Иако и пешачењето е здраво, ролерите се уште подобри ако можете и да се превезете со нив.

Би можело да ве интересира:

Како да го дезинфицирате домот кога некој од семејството има грип? Откако болниот член на семејството ќе оздрави, препорачливо е да ги замените чет...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
8 промени кои можат да бидат ран знак за Паркинсонова болест (и не треба да ги игнорирате) Отежнат говор, промени во ракописот, но и промени во изразите на лицето – што др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg