Кое овошје ја зголемува желбата за секс?

koe-ovosje-ja-zgolemuva-zelbata-za-seks-povekjeИстражувањата покажале дека мажите и жените кои што пиеле една чаша дневно сок од калинка, во текот на две недели го осетиле бранот на хормонот...


...тестостерон која ја зголемува сексуалната желба кај двата пола.

Калинката и порано е прогласувана за супер намирница, а сега тоа овошје ќе ја добие и титулата на природен афродизијак.

Студијата што ја спровеле научниците од Универзитетот Queen Margaret во Единбург вклучувала 58 доброволци на возраст од 21 до 64 години.

До крајот на неделата кај двата пола е забележано значително зголемување на нивото на тестостерон која кај мажите делува на појавата на влакна на лицето, длабочината на гласот и посилниот сексуален нагон.

koe-ovosje-ja-zgolemuva-zelbata-za-seks

Тој се лачи и кај жените во надбубрежните жлезди и јајниците и кај нив го зголемува сексуалниот нагон, ги зајакнува коските и мускулите.

Студијата наведува дека последица на зголемениот тестотстерон е и подоброто расположение и помнење, па дури и намалувањето на стресот, нервозата или тремата.

Претходните истражувања за сокот од калинка откриле дека тој напиток  е богат со антиоксиданси кои што можат  да помогнат во заштитата од болести на срцето, а ја поттикнува и циркулацијата.

Оваа супер намирница помага и во борбата против различни облици на рак, ги ублажува симптомите на остеоартрит, иритацијата на желудникот и кољуктивитот. Најновите истражувања покажале дека нивото на тестостерон кај испитаниците кои што го пиеле овој сок, пораснал помеѓу 16 и 30 проценти, а крвниот притисок се намалил.

Забележани се повеќе позитивни, а помалку негативни емоции.

Би можело да ве интересира:

Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...
Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева? Таканареченото звучно загадување се однесува на постојаната врева која е најприс...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg