Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 добри начини за да го избегнете стресот

10-dobri-nacini-za-da-go-izbegnete-stresot-povekjeБрзиот живот на сите луѓе остава трага. Семејството, работата, пријателите, куќата, се само неки работи кои колку и да ги сакате доведуваат до појава...


...на стрес, најраспространетата болест на модерното општество.

Сепак постојат начини со кои може да се намали стресот и тој да се сведе на мерка која не го загрозува здравјето.

Смејте се

10-dobri-nacini-za-da-go-izbegnete-stresot

Смеата е навистина најдобар лек, особено за стресот. Почестете се со некој смешен филм или престава. Добрата смеа ќе ги оттргне вашите мисли од она што во вас предизвикува стрес, ќе ја убрза работата на вашето срце и ќе го покачи крвниот притисок. По смеењето ќе се чувствувате многу подобро.

Пуштете си ја омилената песна

Кога сте под стрес, лесно може да ги изгубите од вид ситните задоволства, затоа одвојте неколку минути за себе и кога ќе дојдете дома по работа уживајте во својата омилена песна, немојте ништо да работите. Овој мал ритуал ќе направи чуда.

Частете се

Многу ќе значи доколку малку да си угодувате кога сите проблеми на светот ќе падната на вашиот грб. Дури и ако не сте во можност да отидете на во спа центар или на масажа, средувањето на изгледот од време на време ќе ве релаксира и нема да размислувате на проблемите, а и убаво ќе изгледате.

Прошетајте

Вежбањето е еден од најдобрите начини за ослободување од стресот, но може да сте под стрес затоа што не можете да отидете во теретана поради многу обврски. Заменете го автомобилот/автобусот со одење пеш до работа (секако доколку е тоа можно), или прошетајте низ некој трговски центар.

Немојте да ги заборавите пријателите

Премногу обврски можат да доведат до тоа да ги заборавите своите пријатели, излегувањето со нив. Затоа одморете од време на време и излезете со пријателите кои ве прават среќни.

Занимавајте се со некое хоби

Учењето на некое ново хоби не само што ќе ви ги пренасочи мислите од проблемот, туку ќе се чувствувате и задоволно затоа што работите нешто интересно.

Суредете го станот

Нередот во вашиот стан се пренесува на сите сегменти од вашиот живот, затоа средете ја околината, убави наредете ја облеката, книгите, сметките... Ќе ви се тргне голем терет од грбот.

Одете на одмор

Во истражувањето кое неодамна е спроведено, 77 проценти од причините за стрес ги снемува по одморот и патувањата.

Намалете го внесувањето на кофеин

Кафето ви помага да го поминете денот, но предизвикува зависност и доведува до поголема нервоза ако го пиете премногу. Пробајте да поминете на зелен чај, или на помала доза кофеин.

Научете да кажете не

Ако сте пребукирани и не можете се да постигнете, понекогаш, некому кажете НЕ. Почитувајте го своето веме и немојте да прифаќате повеќе обврски одошто можете да издржите. 

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Зошто некои луѓе колабираат кога е многу жешко (и како да им помогнете)? Колабирањето од жешко време може да им се случи на сите, без разлика на возраста...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Варичела (или овчи сипаници): Колку време трае болеста и што треба да избегнуваат заразените? Дали смеете да се туширате додека имате овчи сипаници (или варичела), колку врем...
11 совети кои докторите би сакале да ги знаете (и послушате) „Внимавајте на килограмите. Грижата за физичкото, менталното и емоционалното здр...
Мозочен удар, рак на бели дробови: Кои болести се најчестата причина за смрт? Според СЗО, проблемите за срцето се најчестата причина за смрт, и тоа со години ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg